Дарначко
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дарначко (грчки: Νταρνακοχώρια или Δαρνακοχώρια, Дарнакохорија) — историско-географска и етнографска област во околината на градот Сер, Егејска Македонија.
Областа опфаќа неколку села во подножјето на планината Серски Боздаг (Сминица). Пред Првата балканска војна биле еднствените грчки села во Серско, кое инаку имало само Македонци и Турци. Жителите на областа се нарекувале „дарнаци“, за што се верува дека потекнува од зборот δάρε, што го користеле наместо зборот τώρα (сега).[1] Според месните преданија, Стефан Верковиќ тврди, дека дарнаците се доселени во Македонија од Тива во Беотија (Централна Грција).[2]
Remove ads
Населени места
Во Дарначко спаѓаат селата: Везник, Субашќој, Сармусакли, Тополјани и Довишта.[3] Понекогаш кон нив се вбројува и Тумба.[4][5]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads