Дајре

From Wikipedia, the free encyclopedia

Дајре
Remove ads

Дајре — вид мал, рачен тапан со една мембрана, растегната на дрвен, а поретко на метален обрач [1]. По должината на обрачот врежани се отвори, во кои се вметнати прапорци или метални плочки.

Thumb
Дајриња изложени во Музејот на Македонија

Инструментот се тресе или удира со рака, или пак се струга по опната или по обрачот, при што прапорците ѕвецкаат.

Дајрето има многу различни форми, но најчеста е кружната. Го има во многу форми на музиката:италијанската народна музика, бугарската народна музика, класичната музика, ромската музика, персиската музика, госпел музиката, поп-музиката и рок-музиката. Зборот дајре, односно tambourin потекнува од средноперсискиот збор tambūr што значи "лира, тапан".[2]

Како фолклорен инструмент дајрето е раширено во Европа уште од средниот век, посебно во земјите на Средоземјето.

Дајрето е одомаќено на Балканот. Се употребува како придружба на танцување или пеење. Дајрето се појавува и во оркестар.

Кратки факти Класификација, Скала ...
Remove ads

Историја

Дајрето потекнува од Египет, каде Евреите го викале тоф, тимбрел или таберт. Инструментот бил користен исклучиво за религионзи потреби,[3] и споменат е во Стариот завет и во еднинска и во множинска форма. Израелитите научиле да го користат дајрето за време на нивниот престој во Египет, а во единаесеттото издание на Енциклопедија Британика било споменато дека Египќаните го користеле дајрето за да ги избркаат лошите духови.[4]

Дајрето било омилен инструмент на жените кои танцувале свирејќи на дајре, а според библиската пророчица Мирјам, дајрето се користело при победнички песни или во придружба на харфа на банкети и процесии. Ова е ееден од инструментите кои ги користел кралот Давид и неговите музичари кога танцувал пред Заветниот ковчег. Исто така дајрето било употребувано во Геенската долина кај Ерусалим, при жртвување на деца.[4]

Remove ads

Македонско дајре

Во Македонија, дајрето се смета за македонски народен ударен инструмент кој се користи за одржување на ритам. Мембраната на дајрето е направена од козја кожа оптегната врз дрвен обрач. По работ на инструментот лабаво се поставени метални дискови во парови, кои призведуваат кус, кршлив звук кога свирачот удира по дајрето со рачниот зглоб и прстите. Името дајре во македонскиот доаѓа од турскиот јазик, што значи круг. По обичај, дајрето е женски инструмент и понекогаш се користи на слави, свадби.

Remove ads

Дајрето како тема во уметноста и во популарната култура

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads