Двоаголник
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Двоаголник (дигон) — многуаголник со два странични раба и две темиња. Неговата конструкција е изродена на Евклидовата рамнина бидејќи секоја од двете страни би се совпаѓале или едната (или обете) би биле закривени; сепак, тој лесно се претставува во елиптичен простор.
Правилниот двоаголник има два еднакви агла и две еднакви страни. Се претставува со Шлефлиевиот симбол {2}. Може да се конструира на сфера со пар од два лака од 180 степени кои поврзуваат антиподни точки, when it forms a сферна месечина.
Двоаголникот е најпростиот апстрактен политоп од 2. ред.
Потсечениот двоаголник, t{2} е квадрат, {4}. Наизменично потсечениот (алтерниран) двоаголник, h{2} е едноаголник, {1}.
Remove ads
Во Евклидовата геометрија
Двоаголникот може да има две нагледни претстави во Евклидов простор.
Една претстава е изродена и изгледа како двоен преклоп на отсечка. Се јавува кога најмалото растојание помеѓу двата раба е 0 и ја среќаваме во неколку ситуации. Овој облик на двоен преклоп понекогаш се користи за дефинирање на изродени случаи на некои политопи; на пример, правилниот тетраедар може да се смета за антипризма образувана од таков двоаголник. Може да се изведе од наизменичното потсекување на квадрат (h{4}) бидејќи двете противположни темиња на таа сфера трена да се поврзани. Кога имаме повеќедимензионални политопи со квадрати и други четириаголни фигури кои се наизменично потсечени, овие двоаголници обично се отфрлаат, сметајќи ги за единечни рабови.
Друга нагледна претстава има две напоредни прави кои се протегаат до (имаат темиња во) бесконечност, што се јавува кога најкраткото растојание помеѓу двата раба е поголемо од нула. Овој облик се јавува кога претставата на некои изродени политопи, чиј значаен пример е бесконечниот осоедар, границата на општ сферен осоедар во бесконечност, сочинет од бесконечен број на двоаголници кои се среќаваат во две антиподни точки во бесконечноста.[1] Меѓутоа, бидејќи темињата на овие двоаголници се во бесконечноста и затоа не се омеѓени од затворени отсечки, ова поплочување обично не се смета за дополнително правилно поплочување на Евклидовата рамнина, дури и кога неговиот дуален бесконечен диедар се смета за таков.
- Сложенка од два двоаголника „отсечки“, како две можни наизменични потсекувања на квадрат (погл. темениот распоред)
- Бесконечен осоедар со бесконечно тесни двоаголници
Секој двоаголник со прави страни е правилен иако е изроден, бидејќи двете страни имаат иста должина и двата агла се еднакви (обата имаат нула степени). Како таков, правилниот двоаголник е конструктибилен многуаголник.[2]
Некои дефиниции за многуаголник не го сметаат двоаголникот за вистински многуаголник поради неговата изроденост во Евклидовиот простор.[3]
Remove ads
Кај елементарните полиедри

Двоаголникот како страна на полиедар е изроден бидејќи е изроден многуаголник. Сепак, понекогаш е од тополошка полза при преобразба на полиедри.
Како сферна месечина
Сферната месечина е двоаголник чии темиња се антиподни точки на сферата.[4]
Сферениот полиедар конструиран од такви двоаголници се нарекува осоедар.
- Месечина на една сфера.
- Шест двоаголни страни на правилен шестаголен осоедар.
Поврзано
- Едноаголник
- Полусуперкоцка
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads