Двојно лице
Бразилски телевизија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Двојно лице[1] (португалски: Duas Caras) е драматична бразилска теленовела. Серијата во Бразил започна со прикажување на 1 октомври 2008 на местото на новелата Тропски рај. Но поради тешките теми и сцените кои не беа дозволени за под 12 години, новелата се премести за еден час подоцна во 21ч. Без разлика на секогаш тешките но реални теми на Агиналдо Силва, во кои се среќаваат расизмот, хомосексуалноста, дрогата, наркотиците... таа достигна неверојатен успех, и најавен е крајот на серијата за 30 мај 2008.
Remove ads
Синопсис
Адалберто Рангел се родил наречен Жувеналдо во една покраина во близина на Пернамбуко. Потребата да прехрани големо семејство, го натерало неговиот татко уште како мал да го продаде на Херможенес. Тој го прекрстил во Адалберто и го научил како да ги измамува луѓето. По много години, Адалберто, веќе маж, е присутен на една ужасна несреќа. Откако ќе види еден мртов брачен пар, наоѓа многу долари до нив, документи и слика од една девојка, Марија Паула, веројатно ќерка на парот, наследничка на големо богатство. Во тој момент, Адалберто се решава да го направи неговиот најголем потег. Во малиот град Пасаредо, Марија Паула ја прима веста за смртта на нејзините родители од страна на Адалберто. Очајна од тага, таа единствено наоѓа утеха во заводникот Адалберто. Наивна и изгубена, Марија Паула ја прифаќа грижата на овој човек, и покрај тоа што сите се сомневаат во него. За кратко време, таа му се предава, и на крај се венчаваат. Мислејќи дека ќе формира семејство, Марија Паула горчливо се изненадува: Адалберто и го украл целото богатство. Таа сака да го најде и да му се одмазди, заедно со нејзиниот син, кој Адалберто не ни стигна да го запознае. Тогаш, Марија Паула оди во Саун Пауло, каде што почнува една нова етапа; таа се претвора во силна и борбена жена. Адалберто, сега милионер, оди во Рио де Жанеиро каде што купува фабрика и се претвора во почитуван граѓанин. За тоа, тој го остава зад себе своето минато и повторно го менува своето име, а овој пат, и неговото лице – не може да ризикува некој да го препознае. По неколку хируршки зафати, со комплетно променето лице, се појавува новиот идентитет: Маркони Ферасо.
Remove ads
Улоги
- Карактеризација на ликовите
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads