Омилена (ТВ Серија)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Омилена (португалски: A Favorita) е драматична бразилска теленовела. Серијата во Бразил започна со прикажување на 2 јуни 2008 на местото на новелата Двојно лице. Успехот веќе се бележеше после првото прикажување, а доброто сценарио, терминот на прикажување и мега популарната глумска постава не е возможно серијата да не биде со добар рејтинг. Писател на сценариото е Жоао Емануел Карнеиро.

Кратки факти Омилена, Жанр ...
Remove ads

Синопсис

Донатела и Флора, две пријателки што се претвораат во ривалки. Една од нив извршила злосторство и лаже во врска со тоа. Две верзии на иста приказна. Која ја кажува вистината? Донатела или Флора?

Донатела и Флора се пораснати заедно. Донатела ги изгубила родителите во несреќа и била посвоена од скромното семејство на Флора. Како деца, биле најдобри пријателки сè додека ги запознаваат Марсело и Доди, на кои ќе им станат девојки. Донатела се венчава со Марсело, син на моќниот Гонсало Фонтити, сопственик на индустрија за хартија и целулоза, додека Флора се венчава со Доди, човек кој се изборил од дното и кој работи во фирмата на таткото на негов пријател.

Среќата на Донатела и Марсело трае кратко. Првото дете им е киднапирано по шест месеци од раѓање и никогаш повторно не се појавува. Оттогаш, почнуваат често да се караат. Флора се разведува од Доди и има врска со Марсело. Таа останува бремена и раѓа девојче, Лара, што ја раскинува уште повеќе врската меѓу двете пријателки.

Марсело е убиен со три куршуми од пиштол кој подоцна се открива дека го држела Флора. Таа е затворена и разделена од ќерка си Лара, на тогашна возраст од три години. Флора е осудена на 18 години затвор како казна за злосторството. Донатела не ѝ простува на својата пријателка и ја одгледува Лара.

Осумнаесет години подоцна, Флора излегува од затвор и сака да ја докаже својата невиност обвинувајќи ја поранешната ѝ пријателка за злосторството. Донатела, пак, се плаши Флора да не ѝ се доближува на Лара, на која ѝ вели дека ја сака како да ѝ е вистинска ќерка. Но, Лара се интересира за караницата меѓу двете жени кои некогаш биле пријателки. Додека животната цел на Флора е да ѝ се доближи на ќерка си, Донатела ќе прави сè што може за да го спречи тоа.

Remove ads

Улоги

  • Карактеризација на ликовите
Повеќе информации Глумци, Ликови ...

Занимливости

  • На почетокот на реализацијата, серијата имаше име под наслов Карма, па за вторпат да го замени како Последна пресуда и на крајот заради разни проблеми, Глобо одлучи серијата да го има името Омилена.
  • Негативката во серијата Флора, ќе биде откриена два месеца пред крајот на новелата.
  • Ликот на Таис Араухо, која глумеше главна улога во претходната новела на Жоао Емануел Карнеиро, “Бојата на гревот” призна дека нејзиниот лик бил инспириран од топ моделот Наоми Кембел.
  • За првпат на ТВ екраните од оваа серија дебитираа глумците Жан Пјер Ноер, Тиаре Маиа, Кларис Фалкао, Хана Романаци, Ренан Мајер и Едуардо Мело.
  • Главниот машки лик воедно и негативец најпрвен беше најавено дека ќе го глуми Фабио Асункао. Но глумецот беше заменет со Мурило Беницио.
  • Меѓу глумците кои мораа да го променат изгледот заради серијата беа: Дебора Секо, Маријана Ксименез, Таис Араухо, Грациела Шмит, Кристин Фернандес, Иран Малфитано, Мурило Беницио, Жулиана Паес и Клаудија Раиа.
  • Од сите три новели кои ги напиша Жоао Емануел Карнеиро, Таис Араухо во сите има некоја важна улога. Во серијата “Змии и гуштери” глумеше негативен лик, додека во серијата “Бојата на гревот” беше главната женска глумица.
  • Жулиана Паес ја напушти глумечката екипа поради главната улога која ја има во новата бразилска новела од 9 “Патиштата на Индија” на Глорија Перес. Жулиана Паес во оваа серија беше убиена на епизодата која се емитуваше на 21 август 2008 од страна на ликот Флора.
  • Премиерата на серијата во Португалија, беше на 23 јуни 2008 во 21:25, но сега е преместена во терминот од 23:45.
  • Ова е петта новела во која Дебора Секо и Жулиана Паес глумат заедно. Претходните новели беа “Семејни интриги”, “Светот на славните”, “Америка” и хумористичната “Дај ми јака”.
  • Флора досега има убиено тројца ликови, мажот на Донатела и таткото на нејзината ќерка, Лара, Марсело Фонтини. Д-р Салватор, докторот на Донатела, кој ја знаеше цела вистина и Маира, новинарка, пријател на Џо Боб која исто така ја откри целата вистина.
  • Приказната е класифицирана за гледачите над 12 години.
Remove ads

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads