Дебарска Котлина

котлина во западна Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Дебарска Котлина
Remove ads

Дебарска Котлина (Дебарско Поле или само Поле) — котлина на крајниот западен дел на Македонија во поречјето на Црн Дрим и Радика, помеѓу планините Крчин од исток, Стогово од југоисток и Јабланица од запад.[1]

За други значења на поимот Дебар видете на појаснителната страница
Thumb
Поглед на Дебарското Поле

Котлината целосно не се наоѓа на територијата на Македонија, а сообраќајно е доста изолирана. Сообраќајно со другите делови комуницира преку тесните и длабоки клисури на Радика и Црн Дрим. Зафаќа површина од 973 км2, од која над 80% се наоѓа на надморска височина од 750 до 2.200 метри.

Дебарската Котлина е настаната со тектонските радијални движења во олигоценот и миоценот со алпското набирање. Таа е спуштена по должината на два раседи со различен правец на протегање: Косоврашки си–јз и Банишкиот сз–ји. По должината на овие два раседи се јавуваат термални извори на кои се изградени двете познати бањи (Косоврашка и Банишка бања). Во плиоценот котлината била исполнета со вода и претворена во езеро. Дното на котлината претставува брановидна рамнина со височина од 620–650 метри исполнета со квартерни и плиоцени седименти.[2] Развиена е градската населба Дебар.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads