Дебрца (котлина)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дебрца (или Дебарца) — котлина во западниот дел на Македонија.[1] Се наоѓа помеѓу Илинска и Плакенска Планина од исток и Стогово и Караорман од запад. Зафаќа површина од 368 км2. Низ средината на Дебрца води магистралниот пат М–4 кој ја поврзува на југ со Охрид и Струга, а на север со Кичево и Скопје. Се дели на Северна, Средна и Долна Дебрца. Геолошкиот состав го прават филитоидни метаморфити, карбонатни и магматски карпи како и езерски, алувијални, делувијални и моренски седименти. Климата е умереноконтинентална. Реката Сатеска претставува главна одводна артерија на целото подрачје. Во Дебрца постојат 24 селски населби, сите населени со Македонци. Централна населба е Белчиште, а најголемо село е Велмеј. Цела Дебрца е зафатена од силен миграционен бран, па бројот на населението денеска во голема мера е намален.[2]

- За други значења на поимот Дебрца, видете на појаснителната страница
Remove ads
Галерија
- Поглед на котлината Дебрца од Илинска Планина
- Котлината Дебрца и источната падина на Илинска Планина
- Поглед на котлината Дебрца од Илинска Планина
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads