Девња

From Wikipedia, the free encyclopedia

Девњаmap
Remove ads

Девња (бугарски: Девня) — град во северна Бугарија, административен центар на општината Девња во Варненската Област. Има население од околу 9.025 жители (2022).[1]

Кратки факти Девња Девня, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Градот се наоѓа на Добринската висорамнина, во нејзиниот најисточен дел, на 22 километри западно од регионалниот центар Варна и на 18 километри североисточно од Провадија.

Градот е познат по карстните извори од кои произлегува реката Девња. Тие се најголемите карстни извори во Бугарија со вкупен проток од 3700 литри во секунда.[2] Во областа има вкупно околу 30 извори, обединети во 7 изворски групи. Сите извори се зафатени за водоснабдување на индустријата во Девња и Варна.

Remove ads

Историја

Античкото име на Девња било Марцијанополис (латински: Marcianopolis; грчки: Μαρκιανούπολις). Тој бил главниот град на римската провинција Долна Мизија, основана од царот Трајан во 106 година по походите против Дакијците. Тој наводно градот го нарекол во чест на неговата сестра Марција. И покрај редовните варварски напади, Марцијанополис останал важен центар сè додека аварскиот напад конечно го уништил во 614-615 година.

Откако Словените се населиле на Балканот во 7 век, тие ги нарекле урнатините на античкиот град Девина. Мала бугарска тврдина постоела на местото во средниот век, веројатно изградена од ханот Омуртаг во 9 век и проширена на север во 10 или 11 век.

По османлиската инвазија на Балканот, тврдината била уништена и напуштена, а населбата била преместена на запад. Село по име Девне се споменува во османлиски даночен регистар од 1573 година, со други форми на името потврдени од странски и бугарски патници во 16 и 17 век, понекогаш користени за означување на блиската река.

По ослободувањето на Бугарија од османлиската власт селото се викало Девне до 1934 година, кога било заменето со формата Девња. Блиската река Девња била традиционален индустриски центар уште од османлиско време со бројни воденици кои служеле и на жителите на големата и бесводна Јужна Добруџа. На 27 август 1969 година, градот Девња бил формиран преку спојување на селата Девња, Река Девња и Повелјаново.

Remove ads

Економија

Девња е дел од индустрискиот комплекс Варна-Девња и голем број важни капацитети за тешката индустрија се наоѓаат во или во близина на градот, што го прави центар на хемиската индустрија од национално значење.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads