Провадија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Провадијаmap
Remove ads

Провадија (бугарски: Провадия) — град во северна Бугарија, административен центар на општината Провадија во Варненската Област. Има население од околу 12.419 жители (2022).[1]

Кратки факти Провадија Провадия, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Градот е сместен на Провадиската Река, покрај Провадиската Клисура, опкружен со високи карпи од исток и запад. Градот се наоѓа на 47 километри западно од регионалниот центар Варна, на 53 километри југоисточно од Шумен и на 410 километри североисточно од Софија.

Историја

Провадија е населба со над 25 вековна историја. Најраните откриени траги од човечка активност во областа датираат од 5 век п.н.е., кога овие земји биле населени со Тракијци. Материјално наследство на нивната култура се зачуваните околу 30 карпести гробници сместени во областа „Табиите“.[2]

Прифатена е тезата дека денешниот град е наследник на византиската тврдина која настанала во V век, која била дел од изградениот фортификациски систем против воинствените племиња кои напаѓале од север. Византијците го нарекле „Проватон“ (Πρόβατον). Постојат различни претпоставки за потеклото на ова име: едната го поврзува со премин или проход, додека другата верзија е врзана за преводот од старогрчкиот јазик на името „Проват“ (Προβάτ), што значи „овца“. Веројатно поради добро развиеното овчарство во овој регион.[2]

Словените што се населиле овде (6-7 век) ја нарекле тврдината „Овеч“ - буквален превод на византиското име. Подоцна дошле прабугарите на Аспарух исто така го прифатиле ова име, кое останало и во следниот среден век. Веќе во границите на бугарската држава, утврдувањето брзо прераснало во населба, па дури станало и воено-административен центар. За тоа придонесло нејзината стратешка локација - близината до престолнините Плиска, Преслав и Варна.

За време на Второто бугарско царство (12-14 век), градот бил чуен занаетчиски и трговски центар, тука доаѓале трговци од Дубровник, Ерменија и други далечни земји. Овеч се издигнува како еден од најважните градски центри на Бугарија, заедно со Велико Трново, Велики Преслав, Червен, Дрстр и Софија.

Според Константин Иречек, за време на отоманскиот период, Провадија била главен источен балкански центар на дубровничката трговија, а локалната дубровничка колонија ја користела нејзината засводена црква.[3] За време на Руско-турската војна (1828-1829), градот бил целосно уништен и со години бил повторно граден.[4] Бројот на бугарското население значително се намалило како резултат на неколкуте емиграциски бранови во Русија и Романија.

Ослободувањето на Бугарија од османлиската власт го нашол градот со околу 3500 жители. Градот брзо растел и се развивал, се зголемил бројот на жители, се отвориле мелници, маслени, фабрики за лакови, сапуни и текстил.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads