Деделер (Кожанско)

село во Кожанско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Деделер или Дидилер (грчки: Σκήτη, до 1927 Ντεντελέρ, Ντιντιλέρ, Деделер, Дидилер) - село во Грција, во Општина Кожани, област Западна Македонија, односно Егејскиот дел на Македонија. Во 2011 година во Деделер биле регистрирани 277 луѓе.

Кратки факти Деделер, Држава ...
Remove ads

Географија

Деделер е расположено на 15 километри западно од Кожани, на источните падини на Сињак.

Историја

Во Османлиската Империја

На крајот на XIX век Деделер било етничко турско село во Османлиската Империја. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Деделер, Кајларска каза, имало 620 Турци. Според грчкото конзулство во Еласона во 1904 година во Деделер живееле 550 Турци.[1][2]

Во Грција

Во Првата балканска војна во 1912 година во селото влегле грчки единици и после Втората балканска војнаво 1913 година останало под Грција. Во 1913 година селото имало 618 жители. Во 20-тите години населението се иселило во Турција и на негово место биле доведени христијански бегалци од Турција. Во 1928 година селото било целосно бегалско со 111 семејства и 365 жители бегалци.[3][4]

Во 1927 името на селото било променето на Скити.

Во 2001 година во Деделер биле регистрирани 374 луѓе.[5]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads