Дела 16
глава од библиската книга Дела на светите апостоли From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дела 16 — шеснаесетта глава од книгата „Дела на светите апостоли“ на Новиот завет. Го обработува второто мисионерско патување на Апостол Павле придружуван од Апостол Сила и Тимотеј. Авторот на книгата која ја содржи оваа глава е анонимен, но општоприфатен став во ранохристијанската традиција е дека нејзин автор е апостолот Лука Евангелист, кој исто така го напишал и Евангелието според Лука.[1]
Најголемиот дел од оваа глава раскажува за воспоставувањето на христијанството во Македонија, како прво меѓу народите на Европа.
Remove ads
Текст
Изворниот текст е напишан на коински грчки и е поделен на 40 стихови.
Ракописно сведоштво
Еве некои рани раскописи во кои се содржи текстот на оваа глава:
- Ватикански ракопис (325–350 г.)
- Синајски ракопис (330–360 г.)
- Безин ракопис (~ 400 г.)
- Александриски ракопис (~ 400–440 г.)
- Ефремов ракопис (~. 450 г.; постоечки стихови 1–36)
- Папирус 127 (V век; постоечки стихови 1–4, 13–40)
- Лодов ракопис (~ 550 г.)
Remove ads
Места
Во главата се споменуваат следниве места, наведени по редослед на јавување во неа:
- Дерве
- Листра
- Иконија
- Фригија
- Галатија
- Азија (римска провинција)
- Мизија
- Витинија
- Троада
- Македонија
- Самотракија
- Неапол
- Филипи
- Тијатира
Remove ads
Времеслед
Второто мисионерско патување на Павле се случило околу 49 г.[2]
Стих 1
- Тој пристигна во Дерва и Листра. И ете, таму живееше некојси ученик, по име Тимотеј, син на Јудејка, која ја прифати верата, и на татко Елин.[3]
Тимотеј бил син на Евника, Еврејка чие име се спомнува во Второто послание до Тимотеј (2 Тимотеј 1,5).
Човекот од Македонија
Стих 9
- Преку ноќта Павле имаше видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: „Дојди во Македонија и помогни ни!“[4]
Во овој стих се зборува за видението на Павле во кое му се јавил Македонец и го молел да дојде во Македонија за да им помогне на луѓето, по што Павле и неговите другари веднаш се одѕвале. Ова се смета за одек на случката во Ис.Н. 10,6 каде луѓето од Гаваон му пратиле молба на Исус Навин велејќи „ ... Не кревај раце од твоите слуги; дојди поскоро кај нас, избави нѐ и помогни ни“.[5]
Интересно е тоа што овој повик на Македонците е претставен на првиот амблем на колонијата Масачусетски Залив (денес Масачусетс) во САД, каде има Индијанец прикажан со свиток крај устата како вели „Дојди и помогни ни“ („Come over and help us“)[6].
Друг американски пример е градот Македонија во Охајо, чие име е изведено токму од овој библиски стих.
Remove ads
Крштевањето на Лидија Македонката
Во оваа епизода се раскажува за крштевањето на Лидија Македонката во Филипи (кај денешно с. Рахче, Егејска Македонија), со што тааа станала првиот христијанин во Европа.
Стихови 14 и 15
- И една богобојазлива жена од градот Тиатир, по име Лидија, која продаваше црвени ткаенини, слушаше; и Господ ѝ го отвори срцето да внимава на она, што го зборуваше Павле. А кога беше крстена таа и нејзините домашни, нѐ замоли и рече: „Ако сте ме признале за верна на Господ, тогаш влезете во мојата куќа и престојувајте во неа!“ И нѐ принуди.[7]
Remove ads
Жената од Филипи и гатачкиот дух
Стихови 16-18
- Еднаш, кога одевме на молитва, по патот нѐ сретна една слугинка, која имаше гатачки дух. Таа на господарите свои им донесуваше големи приходи од гатањето. И одејќи по Павле и по нас другите викаше, зборувајќи: „Овие луѓе се слуги на Севишниот Бог! Тие го навестуваат патот на спасението.“ Ова го правеше таа многу дни. И кога му здодеа на Павле, тој се сврте и му рече на духот: „Ти заповедам во името на Исус Христос излези од неа!“ И излезе во истиот час.[8]
Во овој дел се зборува за некоја жена која била опседната од „гатачки дух“, чиј карактер не е објаснет. Павле му наредил на духот да ја напушти жената во името на Исус, како што тоа го правеле апостолите кога истерувале демони (Марко 16,26-18). Иако духот исправно велел дека дојдените му служат на Севишниот Бог, апостолите решиле да го истераат бидејќи виделе дека господарите на гатачката се богателе од нејзините зборови, а со тоа — од нивното евангелие.
Remove ads
Стих 31
- А тие му одговорија: „Поверувај во Господ Исус Христос, и ќе се спасиш ти и целиот твој дом!“[9]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads