Македонија (Охајо)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Македонија (англиски: Macedonia, изг. Масидонија) — мал град сместен во североисточниот дел од државата Охајо, САД. Се смета дека во 2018 г. населението броело 11.927 жители.[4]
Името на градот се смета дека потекнува од една мала анегдота помеѓу студентите по богословие на колеџот „Вестерн резерв“, кој на почетокот на XIX век се наоѓал во Хадсон, Охајо. Студентите, кои биле повикани да одржат проповед во едно мало место на 10 км (6 милји) на север, каде се потсетиле на главата 16 од библиските Дела на светите апостоли: „...По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи сфативме дека Господ нѐ повикал таму да го разгласуваме Евангелието.“[6] Поради ова, местото подоцна било наречено Македонија.
Нема податоци во врска со тоа дали во гратчето Македонија живеат Македонци.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads