Делијазмино

From Wikipedia, the free encyclopedia

Делијазминоmap
Remove ads

Делијазмино (од 1934 г. офиц. Зелендол) — село во Горноџумајско, денес во Општина Горна Џумаја на Благоевградската област, Бугарија.

Кратки факти Делијазмино Зелен Дол, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во историско-географската област Пиринска Македонија, на меѓународниот пат кон Македонија. Оддалечен е само 4 километри од Горна Џумаја, 26 километри од македонско-бугарскиот граничен премин Станке Лисичково и 97 километри од главниот град Софија. Низ селото поминува мала река, а на околу 1,5 километар во правец кон Горна Џумаја тече реката Струма. Сместено е на надморска височина од 480 метри.

Remove ads

Историја

Во 1891 година Георги Стрезов пишува за селото:

Делијазмино, чифлик на два часа пат растојание. Произведува многу убава пченица. Има 35 куќи.[2]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители, сите Македонци.[3][4]

Во ноември 1944 година во Делијазмино е создаден првиот концентрационен логор на комунистичкиот режим во Бугарија, во кои биле приведени 203 цивилни граѓани на Германија и нејзините сојузници.[5]

Remove ads

Стопанство

Атарот на селото зафаќа површина од 7км². Претежно преовладува обработливата површина, а на остатокот од атарот има пасишта и изграден дел, поради непосредната близина на градот Горна Џумаја.[6]

Демографија

Според пописот од 2011 година, во селото живееле 220 жители, од кои 218 биле запишани како Бугари.[3][7]

На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години за периодот 1934 - 2011:[8]

Повеќе информации година, жители ...

Општествени установи

Самоуправа и политика

Поштенски код на селото е 2745.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

На 8 септември во црквата „Пресвета Богородица“ во селото секоја година се одржува традиционален собир.

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads