Демографија на Сејшелите
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Статијава е преглед на демографските особености на населението на Сејшелите, вклучувајќи ја густина на населеност, народностите, образовниот степен, јавното здравје, економската состојба, верската припадност и други аспекти.
Околу 90% населението на Сејшелите живее на островот Мае. Останатите се на островите Прален и Ла Диг, а останатите помали острови се слабо населени или воопшто ненаселени.
Највеќето Сејшелци се потомци на француските населеници и источноафриканците кои дошле во XIX век. Останатите трајни жители се Тамилци, други јужни Индијци и Кинези (1,1% од населението). Околу 1.703 (2000) странци кои работат во Сејшелите.
Сејшелската култура е мешавина од француската и африканската (т.е. со креолски влијанија). Месниот сејшелски е креолски јазик изведен од францускиот и африкански говори, кој е мајчин јазик на 91,8% од населението; но често се користат и францускиот и англискиот. Државната управа и трговијата се одвива на англиски.
Околу 91,9% од возрасното население е писмено, а кај децата на училишна возраст уделот е 98% и се очекува да расте поради сеопштото учество во училиштата, како и залагањата за образование и обука на возрасните.
Remove ads
Основни податоци[1][2]
Состав на населението [3]
Ова е составот на населението во 2013 година:
Remove ads
Демографска статистика според ЦИА
Следнава демографска статистика е преземена од „Светска книга на факти“ на ЦИА, освен ако не е поинаку наведено.

Население
81 534 (јули 2005)
Старосен состав
0-14 години:
26,4% (мажи 10.839; жени 10,601)
15-64 години:
67,4% (мажи 26.709; жени 28,025)
65 години и постари:
6,2% (мажи 1.622; жени 3,392) (2005)
Прираст
0,43% (2005)
Полов сооднос
новородени:
1,03 мажи/жени
под 15 години:
1,02 мажи/жени
15-64 години:
0,95 мажи/жени
65 години и постари:
0,48 мажи/жени
вкупно население:
0,93 мажи/жени (2005)
Смртност на новороденчињата
15,53 починати/1.000 родени (2005)
Очекуван животен век на новороденчињата
вкупно население:
69 години
мажи:
69 години
мажи:
69 години (2005)
Вкупна родност
1.75 деца/жена (2005)
Народности
Мешани Французи, Сејшелци (Афросејшелци), Индијци, Кинези и Арапи[4]
Вероисповед
Католицизам (76,2%), протестантство (10,6%) (англиканство (6,1%), пентекостализам (1,5%), адвентизам (1,2%), останати протестанти (1,6%), останати христијани (2,4%), хиндуизам (2,4%), ислам (1,6%), други нехристијани (1,1%), непосочено (4,8%), без вера (0,9%) (2010) [4]
Јазици
Сејшелски креолски (службен) 89,1%, англиски (службен) 5,1%, француски (службен) 0,7%, останати 3,8%, непосочено 1,4% (2010)[4]
Писменост
дефиниција:
над 15 години, читање и пишување
вкупно население:
91,9%
мажи:
91,4%
жени:
92,3% (2003)
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads