Источна Африка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads


Географска положба
Источна Африка лежи на територијата спрема Индискиот Океан. Ги опфаќа пределите на Етиопската и Езерската Висорамнина. Етиопските Планини достигнуваат до околу 4 500 м.н.в., а планините на Езерската висорамнина се издигнуваат дан 5 000м. Такви се планините килимаџаро, Кенија и Рувензори. Во приморските делови на Кенија и Сомалија се наоѓаат поголеми низински територии. Иточна Африка на југ се простира до вододелницата на реката Замбези, а на запад приближно до источната вододелница на реката Конго. има развиен буен животински и растителен свет, претставен со густи шуми - прашуми, високи треви - савани, и разновидни тревопасни и месојадни животни.
Remove ads
Население и Стопанство
Во државите во Источна Африка претежно живее население од белата и од црната раса. Главно занимање се земјоделството и сточарството. Најмногу се одгледуваат кафе, памук, жита, шеќерна трска, банани, ананас и др. Во сточарството најмногу се одгледуваат овци, кози и говеда. Од рудните богатства се застапени бакар, злато, олово, дијаманти, волфрам, железо и др. Најразвиени гранки се прехранбената, дрвната, хемиската, драгежната и металната индустрија. Државите во Источна Африка сè уште се со статус недоволно развиени земји и земји во развој. Поразвиени се државите Танзанија и Кенија.
Remove ads
Дефинирање на регионот
Источна Африка ги опфаќа следниве држави:
Според шемата на ООН, источна Африка се состои од 19 територии:[1]
- Танзанија, Кенија, Уганда, Руанда и Бурунди – членки на Источноафриканската заедница (EAC). Бурунди и Руанда понекогаш се сметаат за дел од централна Африка.
- Џибути, Еритреја, Етиопија и Сомалија (го опфаќа и Сомалиленд[2]) – збирно наречени Африкански Рог[3][4][5][6][7]
- Мозамбик и Мадагаскар – обично се сметаат за дел од јужна Африка. Мадагаскар е културно тесноповрзан со југоисточна Азија и островите во Индискиот Океан.
- Малави, Замбија и Зимбабве – честопати се сметаат за дел од јужна Африка. Ова се членки на поранешната Централноафриканска Федерација
- Комори, Маврициус и Сејшели – мали островски земји во Индискиот Океан
- Реинион и Мајот – прекуморски територии на Франција во Индискиот Океан.
Египет и Судан се сместени во североисточниот дел на континентот, но обично се сметаат за дел од северна Африка.[8]
Демографија
Демографската слика на Источна Африка изгледа вака:
Remove ads
Јазици
Во земјите од регионот се нашироко се застапени англискиот и францускиот. Најкористен јазик е свахили. Во Етиопија се говори претежно локалниот амхарски јазик. Во југоисточна Африка е мошне застапен португалскиот.
Поврзано
![]() |
„Источна Африка“ на Ризницата ? |
- Аксумско царство
- Источноафриканска заедница
- Африкански Рог
- Британска Источна Африка
- Германска Источна Африка
- Италијанска Источна Африка
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads