Мае

остров во состав на Сејшелите From Wikipedia, the free encyclopedia

Маеmap
Remove ads

Мае (француски: Mahé) — остров во Индискиот Океан, во североисточниот дел на Сејшелите и најголем остров во архипелагот со 157,3 км2. Во 2010 г. имал 77.000 жители[1], што претставува 86% од вкупното население на државата. На него е сместен главниот град на Сејшелите, Викторија. Островот е наречен во чест на францускиот поморски офицер Бертранд-Франсоа Мае де ла Бурдоне (1699 - 1753), управник на Маврициус.

Кратки факти Mahé, Географија ...

Највисок врв е Морн Сејшелоа (905 м), кој се наоѓа во истоимениот национален парк. Жителите се сместени претежно во северните и источните делови на островот, каде се наоѓа и меѓународниот аеродром. Во јужниот и западниот дел се сместени морските национални паркови „Залив Терне“, „Порт Лоне“ и Универзитетот на Сејшелите. Понатаму во морето е расположен морскиот национален парк Света Ана, како и островите Консептион, Терез, Аноним и неколку помали островчиња.

Remove ads

Историја

Мае први го посетиле Англичаните во 1609 г., а потоа останал непосетен сè до 1742 г. со експедицијата на Лазар Пико. На 1 ноември 1756 г. во денешна Викторија пристигнала фрегататаСерф“ (Елен) предводена од Корнеј Никола Морфе, кој го прогласил островот за владение на кралот на Франција. Експедицијата положила „камен на сопственост“ кој денес е изложен во Националниот музеј.

Во август 1801 г. британската фрегата „Сибил“ ја зазела француската фрегата „Шифон“ на островот. Во 1812 г. Мае потпаднал под британска власт и колонијално владение сè до осамостојувањето на Сејшелите во 1976 г.

Remove ads

Околина

Во шумите на Мае виреат ендемски растенија кои се среќаваат само на Сејшелите, како што се критично загрозеното медузино дрво (Medusagyne oppositifolia), месојадното сејшелско бардаче (Nepenthes pervillei) и голем број видови орхидеи.

Во подрачјата на Бел Омбре и пристаништето на Викторија е спроведен голем зафат за мелиорација поради недостатокот од станбен простор.[2]

Стопанство

Островот живее претежно од туризмот и риболовот на туна, која се конзервира.

Управа

Островот е поделен на повеќе окрузи.[3]

Поврзано

  • Гранитни Сејшели

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads