Денско

From Wikipedia, the free encyclopedia

Денскоmap
Remove ads

Денско (грчки: Αετομηλίτσα, Аетомилица; влашки: Densko, Denicko; до 1927 г. Δέντσικο, Денцико или Ντένισκο, Дениско[2]; до 1928 г. Γαλαταριά, Галатарија[3]) — село во Коничко, Епир, во општината Коница на Јанинскиот округ, Грција. Населението брои 432 жители (2011), сочинето од Власи.[4]

Кратки факти Денско Αετομηλίτσα, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е сместено на планината Грамошта под врвот Петра (2.217 м), во непосредна близина на границата со Егејска Македонија и Албанија, на надморска височина од 1.385 до 1.485 м, со што претставува едно од највисоките села во денешна Грција.[5] На 5 км од селото се наоѓаат Муцалските Езера.

Сè до реформите во 2011 г. било своја општина, чиј атар зафаќал површина од 51,3 км2.[6]

Историја

Во Отоманското Царство

Во отоманска статистика од 1895 година, во Денско имало 84 домаќинста со вкупно 805 жители.[7]

За време на Илинденското востание во селото влегла големата чета на војводата Васил Чакаларов, која со радост била дочекана од влашкото население.[8][9]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1927 година, името на селото било променето во Галатарија (Γαλαταριά).[2] Во 1928 г. е одново преименувано, овојпат во Аетомилица (Αετομηλίτσα).[3]

Во 1935 г. населени се Власи од Денско во селото Липариново, Ениџевардарско.[10]

За време на Грчката граѓанска војна Денско се сметало за седиште на Демократската армија на Грција (ДАГ) со основањето на т.н. „планинска влада“ на генералот Маркос Вафијадис.[11] Бидејќи селото наполно настрадало за време на војните, во пописот од 1951 г. се води како напуштена населба. Сѐ до 1980-тите, Денско останало празно, но населението повторно почнало да бележи пораст.

Remove ads

Стопанство

Населението традиционално се занимава со сточарство. Речиси сите семејства оделе на зимување во Тесалија и Егејска Македонија.[4]

Население

Повеќе информации Година ...

Извор за 1940-2011 г.: ΕΕΤΑΑ-Ελληνική Εταιρία Τοπικής Ανάπτυξης και Αυτοδιοίκησης Α.Ε.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads