Липариново
село во Ениџевардарско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Липариново (грчки: Λιπαρό, Липаро; до 1926 г. Λιπαρίνοβο, Липариново[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 457 жители (2011), од кои апсолутно мнозинство се Македонци.[3]
Remove ads
Географија
Селото е сместено во Ениџевардарското Поле (дел од Солунското Поле), 3 км југозападно од Кадиново и северозападно од Пласничево.
Историја
Среден век
Селото за првпат се спомнува во 1357 г. како Липарино со 210 жители.
Во Отоманското Царство
Во XIX век селото се наоѓало во месноста Бекер, но во 1840 г. било преплавено од реката Мегленица, па затоа е преселено на денешното место.[4] Црквата „Св. Јован Претеча“ е изградена во 1864-65 г.[5] На почетокот на ΧΧ век Липариново е заведено како село в Ениџевардарска каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Липариново броело 100 жители Македонци и 30 Роми.[6][7]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Липариново (Liparinovo) имало 160 Македонци под Цариградската патријаршија.[6][8]
Во селото селото работела бугарската пропаганда. Според инспекторот Никола Хрлев во 1909 г. во Липариново имало бугарско училиште.[9]
Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 35 македонски куќи.[3]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 154 жители, и исто толку жители во 1920 г.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Липаро. Во 1928-1930 г. во селото се доведени 18 грчки колонисти од Понд (4-5 семејства). Така, во 1928 г. селото броело 188 жители, од кои 170 биле домородни Македонци.[3] Во 1935 г. се доселиле и некои Власи од епирското село Денско (Аетомилица).
Во 1940 г. Липариново имало 384 жители и доживеало умерен пораст во следните десетлетија поради поволните стопански услови, иако во 2011 г. доживеало пад на 368 жители.
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Селото лежи во поле и целосно се наводнува, поради што дава високи приноси. Главни производи се овошјето (праски и јаболка), памукот, житото, пченката и др. Застапено е и краварството.[3]
Личности
- Кољо Треболски (1884 – 1913) — борец во Балканските војни[10]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads