Ден на сите светци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ден на сите светци (латински: Sollemnitas Omnium Sanctorum) — католички празник согласно календарот на Римокатоличката црква, а со него се празнуваат сите светци, како оние кои веќе се канонизирани, така и они што сѐ уште не се. Денот на сите светци се празнува на 1 ноември. Во православните цркви овој празник се обележува на Духовден и го означува завршувањето на велигденскиот дел од литургиската година.
Remove ads
Потекло
Овој празник води потекло од IV век. Првите траги на општо прославување на сите светци се забележани најпрвин во Антиохија и тоа на Духовден. Овој обичај е забележан и во 74 хомилија на свети Јован Златоуст (407 год.) и така и до ден денес се задржал во источните православни цркви.
Папата Григориј III (731 - 741) го поместил овој празник на 1 ноември со цел да може да се совпадне со древниот келтски празник Савин (ирски: Samhain) кој го означувал почетокот на Новата година. На тој начин одговорил на барањата на ирските монаси.
Во времето на Карло Велики овој празник веќе пошироко се обележувал а кралот Луј Побожниот во 835 год. го прогласил за државен празник. Одлуката за тоа била донесена на „барање од страна на папата Григориј IV со согласност од сите епископи“[3]
Remove ads
Денес
Во календарот на Католичката црква, Денот на сите светци е означен како празничен ден, а во католичките земји тоа е воедно и државен празник. Во народот овој ден обично се поврзува со посета на гробиштата и уредување на гробовите, па така и со спомен на мртвите. Сепак, во Црквата Споменот на сите мртви верници или Духовден се обележува еден ден подоцна, на 2 ноември.
Освен во Католичката црква, овој ден се обележува и во Англиканската црква, како и во многу други евангелистички цркви, иако таму тој попримил други форми, во зависност од соодветната Црква.
Remove ads
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads