1
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1 (I) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1 година од новата ера, 1. од првиот милениум, 1. од I век и прва од 0-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 5509 и 5510 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 4751 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 3761 и 3762 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 754.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1 година се протега во 2637 и 2638, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 2697 и 2698 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 544. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 640 и 639 година пред хиџра.

Remove ads
Настани
Според место
Римско Царство
Азија
- Почеток наЈуанши периодот на кинеската Хан династија.
- На Конфуциј му е дадена кралска титула.
Африка
По тема
Уметности и наука
- Поемата Метаморфози е напишана од страна на Овидиј.
- Ливи го пишува неговото монументално дело Историјата на Рим (Ab Urbe Condita).
Религија
- Според легендата можно е раѓањето на Исус Христос.
- Будизмот е воведен во Кина.
Remove ads
Родени
Починале
- Аршак II од Иберија, крал на Иберија.
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads