Димитар Матов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Димитар Матов
Remove ads

Димитар Матов (15 мај 1864 - 15 септември 1896) — истакнат македонски фолклорист и етнограф од голема важност во XIX век. Роден е на 15 мај 1864 година во старо градско семејство во Велес.[1] Иако со македонско потекло, бил познат како промотор на тезата дека Македонците се Бугари. Автор на бројни лингвистички, фолклористички и етнографски трудови во кои ја заговарал бугарската теза за етничката припадност на македонските Словени.[2]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Биографија

Ран живот и образование

Школувањето го започнал во Велес, а гимназија и универзитетско образование завршил во Русија, во украинските градови Николаев и Харков. На Историско-филолошкиот факултет во Харков (денешна Украина) слушал лекции по лингвистика кај А.Потебња, а историја кај Марин Дринов.[3]

Учителската дејност во Македонија

Thumb
Четврта генерација на матуранти во Солунската гимназија во учебната 1888/89 год.
Прв ред (учители): Ј. Буфети, Б. Димитров, Г. Прличев, Д. Матов, Н. Начов, Д. Хаџииванов, В. К’нчов, Е. ефенди
Втор ред (матуранти): Н. Зарзев, К. Робев, Н. Апостолов, П. Васков, Д. Поптомов, Ј. Игнатиев, И. Хаџимишев, М. Лучански
Трет ред (матуранти): Ј. Гелев, Г. Трајчев, А. Димитров, Г. Николов

По завршувањето на високото образование се враќа во Македонија, каде што во учебната 1888/89 година ја почнува својата кариера на наставник во Солунската бугарска гимназија. Во овој период почнува и неговиот позголемен интерес кон јазикот и фолклорот, па системно и неуморно ја проучува македонската културна традиција. Станува уредник на списанието „Книжици за прочит“, кое го издава книжарницата на Коне Самарџиев. Во Солун останува само две години. Заминува за Виена и Лајпциг на специјализација по словенска филологија кај професорите Јагиќ и Лескин.

Заминување во Бугарија

Потоа се преселува во Софија, каде што најпрвин е учител во гимназија, а потоа е назначен за соработник во научното списание на проф. Иван Д. Шишманов „Сборник за народни умотворения, наука и книжнина“, на кое во шест години му втиснува белези на високонаучно гласило. Во истиов период активно соработува и во списанието „БÍлгарски преглед“, во кое објавува серија забележани трудови од областа на историјата, јазикот и фолклористиката. Ја застапува тезата за бугарско потекло на македонските Словени и полемизира со противниците на тоа гледиште. Познати му се „Белешките по етнографијата на Македонија“, во кои води препирки со П. Д. Драганов, К. Хрон, С. Гопчевиќ, Стојан Новаковиќ и др. Пократко време е вмешан и во општествено-политичките настани на времето, па работи како секретар на Врховниот македонски комитет, на чие чело се наоѓал Трајко Китанчев.

Негови книжевни дела се песните „Македонија“ и „Сурвакана на 1881 година“. Во нив ја истакнува својата приврзаност за автономна Македонија.

Подоцна литературната дејност ја заменува со научната и заминал на стручно усовршување во Виена и Лајпциг. Се занимавал со собирање на фолклористички материјал од Велес и Велешко, печател студии од областа на јазикот и фолклорот.

Умира мошне млад по неуспешна операција во Дрезден, Германија, на 15 септември 1896 година. Смртта го затечува како доцент на Софискиот универзитет.

Remove ads

Творештво

Thumb
Животописот на Св. Климент кој го направил Димитар Матов

Насловите на делата се дадени во оригиналот како што се објавени.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads