Димитар Ризов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Димитар Ризов
Remove ads

Димитар Христов Ризов бил политички работник, публицист, дипломат, изразит германофил. Во политичкиот живот се експонирал како експонент на бугарската анексионистичка политика кон Македонија. Огорчен противник на сите акции и глумци со цел осамостојување на Македонија. Бугарски амбасадор во Рим. Уредник на списанието „Млада Бугарија“, „Македонски глас“. Ѓорче Петров го нарекувал „најопасен подривач на македонското дело“[1].

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Образование

Најпрвин учел во бугарското училиште во Битола, а потоа своето образование го продолжува во Пловдив. По 1887 година го продолжува своето образование на Универзитетот во Лиеж, Белгија.

Политичка и општествена активност во Бугарија

Thumb
Коста Паница, Захариј Стојанов и Димитар Ризов во Пловдив, 1885.

Работи како егзрхиски инспектор на бугарските училишта во Македонија (1880 година). Во 1884 година се вклучува во политичкиот живот на Бугарија, и е еден од многуте Македонци кои ќе навлезаат во општество и ќе играат важна улога во политичкиот и општестевен живот на Бугарија. Тој бил член на Бугарскиот таен централен револуционерен комитет и учестува во подготовките за присоединување на Источна Румелија кон кнежевството Бугараија[2].Од 6 до 9 септември 1885 година е член на привремената управа во Пловдив. По обединувањето на Бугарија, во периодот 1886-87 година, станува народен пратеник во Третото големо народно собрание. Поради честата промена на политичките ставови, Ризов го стекнал прекарот "Човек на стоте мислења. Бил политички противник на кнезот Фердинанд I поради што дури и е осуден на затвор, потоа Ризов, го прифати неговиот режим и неговата политичка линија.

Remove ads

Публицистика

Димитар Ризов е уредник на повеќе весници: "Христо Ботев", „Търновска конституция“ (Трновски устав), орган на бугарската либерална партија, Самозаштита, Глас Македонски, Независност, Млада Бугарија и др. Тој е автор и на книгата "Етнографија на Македонија". Во текот на 1917 година, зедно со својот брат Никола Ризов го издаваат атласот "Бугарите во нивните историски, етнографски и политички граници'', кој се состоел од 40 карти.

Активност меѓу македонската емиграција

По падот на владата на Стефан Стамболов, Ризов и се приклучува на македонската емиграција во барањата за спроведување на реформи во Македонија врз членот 23 од Берлинскиот конгрес. Димитар Ризов учествува во формирањето на Братски сојуз на 27 декември 1894 година во Софија зедно со Трајко Китанчев, Никола Наумов, Андреј Љапчев, Наум Туфекчиев и Тома Карајовов[3]. Во меѓувреме дошло до обединување на мекедонските друштва во Бугарија, за време на првиот македонски конгрес на кој и Димитар Ризов бил делегат. Активно продолжил да учествува во општествениот и политички живот на македонската емиграција сега во рамките на Македонскиот Комитет, подоцна познат како Врховен Македонски Комитет односно Врховен македонско-одрински комитет. Учествува за време на работата на Шестиот македонски конгрес на македонските друштва во Бугарија на 1 мај 1899 година, кога за претседател на ВМК е избран Борис Сарафов. На овој конгрес станало и збор за востание во Македонија, Ризов ги убедувал делегатите дека не треба да се крева востание во Македонија, без бугарската влада и Русија, притоа побарл ВМК и ТМОРО да се обединат, но неговите предлози за востанието и организацијата биле отфрлени.

Remove ads

Трговски агент во Македонија

Во јуни 1897 година, бугарскиот премиер Константин Стоилов го поставил за агент при Бугарското трговско агенство во Скопје. Истовремено од бугарската влада бил задолжен да биде посредник помеѓу владата и ТМОРО . Димитар Ризов играл ,,дволична политика[4]",меѓутоа и покрај тоа Ѓорче Петров за него ќе каже дека најдобро од сите се држел. Според Христо Татарчев, Ризов се држел џентлменски, ја заштитувал тезата на бугарската влада, но пред неа ги застапувал и интересите на Организацијата[5].Оваа должност Ризов ја извршувал до крајот на 1898 година, не можејќи да ги усоглси ставовите на владата и организацијата, си поднел оставка на должноста агент при Трговското агенство во Скопје.

Remove ads

Дипломатија

Од (1903-1905) година, Ризов бил бугарски дипломатски претставник во Цетиње, потоа во Белград(1905-1907), Рим (1908-1915) и Берлин (1915-1918)

Смрт

Димитар Ризов умира на 23 април 1918 година во Берлин, Германија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads