Димитар Талев

македонски писател и новинар From Wikipedia, the free encyclopedia

Димитар Талев
Remove ads

Димитар Талев (бугарски: Димитър Талев) — писател од Македонија во Бугарија.[1][2] За време на владата на Георги Димитров бил уапсан во Бугарија и задржан во Софија. Ослободен во 1948 година тој продолжува да живее и работи во Бугарија. Умира на 20 октомври 1966 г. во Софија. Во Бугарија се смета за еден од класичните бугарски автори од XX век,[3] а во 2009 година неговиот роман „Железниот свеќник“ е избран на 4. место од 12 наjсакани книги од бугарските читачи.[4]

Кратки факти Димитар Талев Димитър Талев, Изворно име ...

Димитар Талев беше славен од УНЕСКО во 1998 за придонес кон светската култура.

Remove ads

Биографија

Ран живот и образование

Thumb
Димитар Талев со својата мајка

Роден е на 1 септември 1898 година во Прилеп, тогаш дел од Битолскиот (Манастирскиот) вилает во Османската Империја, во семејство на мајстор ковач и железар Тале Палисламов. Расте во патријархална атмосфера. На 9 години го губи таткото, а негов брат Георги Талев е револуционер во Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО).

Образованието му е прекинато поради Балканските војни, Меѓусојузничката војна и Првата светска војна. Учи во Прилеп, Солун, Скопје и Стара Загора, а завршува гимназија во Битола во 1920 година. Потоа студира медицина и филозофија еден семестар во Загреб и Виена (1920–1921), но сфаќа дека тоа не е негова пасија и се враќа во Бугарија. Во 1925 година дипломира славјанска филологија на Софискиот универзитет под менторство на истакнати професори како Иван Шишманов, Јордан Иванов, Бојан Пенев, Михаил Арнаудов, Љубомир Милетиќ и Стефан Младенов.

Политички ангажман, репресии и рехабилитација

Талев бил силен поддржувач на идејата за вклучување на Македонија во границите на Царството Бугарија, гледајќи ја окупацијата на Вардарска Македонија во 1941 година како остварување на македонската борба. По комунистичкиот пуч во 1944 година, бил прогласен за „фашист“ и „големобугарски шовинист“ поради неговите ставови. Исклучен е од Сојузот на бугарските писатели, уапсен во октомври 1944 година без обвинение или судење и затворен во Софискиот централен затвор до март 1945 година. Потоа бил испратен на присилна работа во Бобов Дол до август 1945 година. Во октомври 1947 година повторно бил уапсен, а здравјето му се влошило поради тежок чир. Работел во рудниците во Перник до февруари 1948 година, преживувајќи благодарение на поддршката од семејството и соработниците. Од 1948 до 1952 година бил протеран во Луковит, каде што во изолација ги доработувал своите дела.

Кон крајот на 1950-тите, по смената на В'лко Червенков со Тодор Живков, Талев бил рехабилитиран како неправедно репресиран. Му било вратено членството во Сојузот на бугарските писатели, избран бил во управниот одбор, и добил литературни награди во 1959, 1963 и 1966 година. Во 1966 година бил избран за член на 31-то Народно собрание.

Remove ads

Творештво

Романи

Извори

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads