Димов Гроб (Уланци)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Димов Гроб археолошко наоѓалиште во велешкото село Уланци.

Повеќе информации Основни податоци ...

Претставува некропола од железно време.

Во месноста Ветерница, на левата страна од патот за Џидимирци и на 1 км од селото се гледаат камени плочи од гробни конструкции. Има триесетина гроба од типот циста, со насоченост исток-запад или северозапад-североисток. Во еден од гробовите се најдени лошо зачувани остеолошки остатоци, 2 спирални обетки од бронзен тељ, фрагмент од салталеон, мониста од кафеава стаклена паста и други предмети од бронза во вид на цевче, фрагмент од керамички сад со сивокафеава боја и со две врежани линии. Од 1992 до 1994 година некрополата е ископувана од Музејот на Македонија. Истражени се 50 гроба-[[цисти со конструкции од камени плочи, со згрчена инхумација, поставени во правец исток-запад, организирани во редови, најчесто по линијата север-југ. Некрополата е датирана од VIII до XI век пред н.е. Што се однесува до матичната населба на некрополата, таа се наоѓа на 200 м јужно, на ридот Столот, каде што се откриени културни слоеви со материјални остатоци исти како оние од некрополата. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.[1]

Remove ads

Поврзано

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads