Столот (Уланци)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Столот — археолошко наоѓалиште во велешкото село Уланци.
Претставува населба од бронзено време, железно време и хеленистичко време.
На 1,5 км јужно од селото, на левиот брег на Вардар, на околу 150 м на левата страна од патот Уланци-Џидимирци се издига доминантен рид. На врвот има зарамнето плато, со димензии 80 × 25 м, на кое се забележуваат остатоци од фортификација и површинска керамика. Во 1994 година се извршени контролни ископувања на простор од 100 м 2 во северозападниот дел на платото. Откриени се остатоци од архитектура (голем објект со повеќе простории) и два праисториски слоја со материјал што одговара на материјалот од некрополата Димов Гроб, оддалечена 200 м северно.[1]
Remove ads
Поврзано
- Грамади — населба од римското време;
- Димов Гроб — некропола од железното време;
- Србиново — населба и некропола од доцноантичкото време;
- Столот — населба од преминот од бронзеното во железното време и од хеленистичкото време;
- Страната — населба - викус од доцноантичкото време;
- Топот — утврдена населба - опидум од римското време;
- Уланци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Велешко;
- Список на средновековни некрополи во Македонија;
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads