Димче Милошевски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Димче Ставров Милошевски ( 1924 Скопје ― 5 октомври 1944 во Бузалково, Велешко) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Remove ads
Животопис
Произлегува од сиромашно градско семејство. Завршил основно училиште, а потоа изучил занает и работел како бравар. Како млад стапил во работничкото движење и собирал народна помош, за партизаните. На 20 април 1944 година стапил во Третата македонска ударна бригада. Подоцна станал командир на Првата чета во Првиот баталјон. Се истакнувал како способен воен раководител. Неговата чета успешно ги извршувала поставените воени задачи. Со Бригадата го изминал славниот пат на Третата македонска ударна бригада. Учествувал во сите борби во познатата Мајска офанзива, во ослободувањето на Кратово и бил на прагот на својот роден град. Водел успешни борби и против силните балистички сили на Водно. На 5 октомври 1944 година во една голема борба против многубројни германски сили кај селото Бузалково, Велешко, бил тешко ранет. Дванаесет часови партизанските лекари се бореле да му го спасат животот, но храбриот борец и командир подлегнал на смртоносните рани.[1]
Една улица во неговиот роден град - Скопје, го носи неговото име.[2]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads