Димче Тошев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Димче Тошев
Remove ads

Димче Тошев ( 1914 Војница 1945 во Скопје) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. [1]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

По Првата светска војна, во потрага за подобар живот се преселил во Велес. Во априлската војна 1941 година паднал во заробеништво. Откако бил ослободен се населил во Скопје. Веднаш по окупацијата на Македонија, станал симпатизер на Народноослободителното движење. Во март 1944 година стапил во Кумановскиот партизански одред. Како примерен и храбар борец, бил поставен за командир. Пред прочуената Мајска офанзива, заминал за Кожуф за да воспостави врска со тамошните партизански единици.[1]

Во околината на Велес, тој бил откриен и фатен од бугарскиот фашистички окупатор. По ѕверското измачување бил осуден на смрт. Меѓутоа, казната не била извршена бидејќи со група политички затвореници, бил ослободен од партизаните. По ослободувањето на Скопје, бил назначен на одговорна должност во Скопското воено подрачје. Како последица на ѕверското мачење од бугарскиот фашистички окупатор во затворот и тешкиот живот за време на борбите како партизан, тешко оболел. Починал во февруари 1945 година.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads