Дињ ле Бен
општина во Горнопровансалските Алпи, Франција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дињ ле Бен (порано само Дињ (француски: Digne-les-Bains; окситански: Dinha (dei Banhs) или Digno) — град и општина во Франција, административен центар (префектура) на департманот Горнопровансалски Алпи.
Remove ads
Историја
Дињ ле Бен како населено место датира од неолитот, а во римско време станува трговско место. Оттогаш па наваму, општината е главен центар во трговијата со лаванда.
Географија
Низ градот тече реката Блеона. Течејќи југозападно, реката образува дел од североисточната и југозападната граница на општината.
Занимливости
- Дејството во романот „Клетници“ од Виктор Иго започнува во Дињ.
- По градот е именуван астероидот 10088 Дињ.
Знаменитости
- Дињска катедрала
- Ботаничка градина на Кордиљерите
Збратимени градови
Познати личности
- Ален Богосјан - фудбалер
- Пјер Гасенди - филозоф, научник, астроном/астролог
- Александра Давид-Нел, истражувач, духовник, писателка
- Алфонс Бо де Роша - инмженер
Поврзано
- Општини во Горнопровансалските Алпи
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads