Длабочица (Кумановско)
село во Општина Старо Нагоричане From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Длабочица — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
За други истоимени места, погледајте Длабочица.
Remove ads
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Длабочица имало 51 жител, сите Македонци.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 20 жители, од кои 10 Македонци, 1 Србин и 9 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
Длабочица е македонско село.
Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:
- Доселеници: Дедо-Трајковци (10 к.), Димитровци (4 к.), Љубан (1 к.) и Ристинци (5 к.) првиот род е најстар во селото доселен во XVIII век. Сите наведени родови се доселени со непознато потекло; Крстинци (14 к.) доселени се од некое место во Велешко. Овде живеат од почетокот на XIX век; Филиповци (10 к.) доселени се од некое место источно од селото Длабочица.[9]
Remove ads
Личности
Личности родени во Длабочица:
- Роска Александрова — учесник во НОВ на Македонија
- Јордана Васиљкова — учесник во НОВ на Македонија
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[10]
- Длабочица ― населба од средниот век
Иселеништво
Од селото постои големо иселување. До 1958 година, 36 семејства од селото се имаат иселено во Србија, во Глогоњ и Качарево.[11]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads