Днепар (град)

град во Украина From Wikipedia, the free encyclopedia

Днепар (град)map
Remove ads

Днепар (украински: Дніпро; руски: Днепр), порано Днепропетровск (украински: Дніпропетро́вськ; руски: Днепропетро́вск; од 1926 до 2016) — четврт најголем град во Украина, со околу еден милион жители.[2][3][4][5] Се наоѓа југоисточно од главниот град на Украина Киев, на реката Днепар, во јужниот средиштен дел на земјата. Днепар е административен центар на Днепропетровската област. Наречен е по реката Днепар, која тече низ него.

Кратки факти ДнепарДніпро, Држава ...

Днепар бил познат како Екатеринослав (руски: Екатериносла́в; украински: Катериносла́в) до 1925. Во 1787, од страна на Екатерина Велика, градот бил прогласен за административен центар на новоосвоените територии на империска Русија, вклучувајќи ги и териториите добиени од Османлиската империја по Ќучуккајнарџискиот договор од 1774 година.

Во 1926, градот го добил името Днепропетровск по советскиот револуционер Григориј Петровски. Станал главен индустриски центар во Советска Украина и следователно еден од клучните центри на атомската, воената и вселенската индустрија на поранешниот Советски Сојуз. Бил седиште на Јужмаш, главен проектант и производител за вселенската индустрија и балистички ракети. Поради неговата воена индустрија, Днепар бил затворен град[6] до 1990-тите години. На 19 мај 2016, со одлука на украинската Врховна рада како дел од процесот за Декомунизација на Украина, градот бил реименуван во Днепар (укр. Дніпро).

Во рамките на поширокото градско подрачје, населението се движи од 1.004.000[7] до 1.360.000[8] луѓе.

Remove ads

Имиња

Низ годините, Днепар го менувал своето име повеќепати:

  • Екатеринослав 1776–1782, повторно 1783–1797
  • Новоросијск 1797–1802
  • Екатеринослав 1802–1917
  • Сичеслав 1917–1918[9]
  • Екатеринослав 1918–1926
  • Днепропетровск 1926–2016
  • Днепар 2016-денес

Исто така, бил означуван како Катеринослав и Катаринослав на карти во XIX век.[10]

Географија

Thumb
Воздушен поглед на Днепропетровск. Реката Днепар и бројните мостови на реката може да се видат.

Градот е изграден главно на бреговите на реката Днепар, во дел од главниот меандер на реката каде го менува својот тек од север кон запад, а потоа продолжува кон југ и југозапад низ Украина, стигнувајќи во Херсон пред да се влие во Црното Море. Оваа положба обезбедува значајни можности за развој на земјоделството, главно благодарение на природното наводнување обезбедено од реката и плодната почва.

Областа во градот е главно без ридови и други височинки. Низинската област му го овозможила големиот развој на градот низ годините, особено во последните 200 години. Додека поголемиот дел од станбените, комерцијалните и индустриските окрузи на градот се долж јужниот брег на реката, некои области се изградени и на помалку гостопримливиот северен брег на реката.

Денес, обата брега се развиени и располагаат со голем број индустриски објекти. Аеродромот на градот се наоѓа 15 километри југоисточно од градот.

Центарот на градот е изграден на големо плато веднаш до Днепар, меѓутоа, стариот дел на градот е сместен на рид, кое е создадено како последица на промената на текот на реката кон југ. Булеварот Карл Маркс води до двете големи архитектонски знаменитости на градот и претставува важна сообраќајница низ центарот.

Thumb
Централниот плоштад е мало продолжување на плоштадот Ленин, веднаш до шопинг-центарот Европа.

Клима

Летата во Днепар се многу топли (просечна дневна температура во јули е 24 до 28 °C, понекогаш дури и пожешко од 32 до 36 °C). Температури од 36° се забележуваат и во мај. Зимите не се толку студени (просечната дневна температура во јануари е од -4 до 0 °C, но кога нема снег и кога ветровите се силни, се чувствува поголем студ. Мешавина на снег и дожд обично се појавува во декември.

Најдобро време за посетување на градот е кон крајот на пролетта - крај на април и мај и рано во есента: септември, октомври, кога дрвјата во градот стануваат жолти.

Климата е мешавина на умерена и континентална клима и понекогаш во зима кога е многу студено и паѓа снег (понекогаш температурите паѓаат од −10 до −15 °C), а во лета, градот е многу топол (понекогаш над +40 °C), особено кон крајот на јули иа август.[11]

Повеќе информации Климатски податоци за Днепар, Месец ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads