Добра (село)
поранешно село во Берско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Добра (грчки: Καλή Παναγιά, до 1927 година Δοβρά или Ντοβρά, Довра[1]) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Бер на округот Иматија, Грција. Традиционално било населено со Македонци.
Remove ads
Географија
Добра била разположена на 3 км северно од општинскиот центар Бер, во југоисточните падини на планината Каракамен. Крај селото е Добренскиот манастир.[2]
Историја
Селото е уништено во 1822 г. при задушувањето на Негушкото востание. Обновено е во 1928 г. кога таму се доведени грчки колонисти. Во 1926 г. е преименувано во Кали Панагија, што е грчки превод на името на манастирот „Богородица Добра“ по кој е наречено селото. Поради лошите услови речиси целото село било напуштено. По Граѓанската војна (1946–1949) селото повторно е обновено како сиропиталиште за бездомни деца. По затворањето на сиропиталиштето Добра е избришана од евиденцијата на населени места.[2]
Remove ads
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
- Анастас Караташо (1764 – 1830) — револуционер
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads