Добренски манастир

манастир во Добра кај Туркохор, Берско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Добренски манастирmap
Remove ads

Добренски манастир „Успение на пресв. Богородица“ (грчки: Ιερά Μονή Παναγίας Δοβρά, Богородица Добра) — манастир кај селото Туркохор, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3] Наречен е по селото Добра, уништено во 1822 г.[4]

Кратки факти Добренски манастир, Место ...
Remove ads

Географија

Манастирот се наоѓа југозпадно од Туркохор и на 3 км северно од градот Бер. Сместен е на југоистчните падини на планината Каракамен. На пописот од 2011 г. манастирот имал 28 жители.

Историја

Манастирот е еден од најстарите во регионот. Точната година на основање е непозната. Се смета дека настанал во XII век, но во документите за првпат се спомнува дури во XVII век. За време на Негушкото востание во 1822 г. манастирот е ограбен и запален од Османлиите, а игуменот Герасим е обесен. Тамошното село Добра, родно место на револуционерот Атанас Караташо, е ограбено и опустошено. Црквата е обновена во 1844 г.[1]

Со грчкото освојување на Македонија по Балканските војни, во 1926 г. името Добра е преведено во Кали Панагија (Добра Богородица).[5] Во 1950 г. на територијата на манастирот е изградено и сиропиталиште, кое работело сè до 1986 г. Во 1995 г. манастирот е обновен со своја обител. Старата црква — трикорабна базилика со дрвен покрив и егзонартекс, е реставрирана.[2] Во манастирот работи и училиште за византиска хагиографија.[1][6][7]

На 20 ноември 1991 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[8]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads