Добре Боневски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Добре Јаковчев Боневски ( 1922 во Горно Соње12 април 1945 во Илинци) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

Потекнувал од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Немал многу плодна земја, па се обидувал да најде друга работа, но не успеал во таа намера. На 25 септември стапил во Дополнителната бригада, а подоцна се префрлил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која заминал на Косово и учествувал во ликвидирањето на заостанатите балистички банди. Подоцна заминал за Срем каде учествувал во завршните операции за ослбодување на уште неослободените краишта на Југославија. Бил учесник во големиот пробив на Југословенска Армија на Сремскиот фронт. Во првите борби при пробивот на германските позиции, на 12 април 1945 година кај селото Илинци, храбро загинал. Бил закопан на местото каде што загинал.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads