Горно Соње

село во Општина Сопиште From Wikipedia, the free encyclopedia

Горно Соњеmap
Remove ads

Горно Соње (познато и како Горно Солње) — село во Општина Сопиште, во областа Каршијак, во околината на градот Скопје.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Над Горно Соње
Thumb
Црквата „Св. Никола“

Селото се наоѓа во областа Каршијак, во јужното подножје на планината Водно. Горно Соње е едно од највисоките села во Општина Сопиште на надморска височина од 850-1024 метри кај црквата „Св. Никола“. Оддалечено е 11 километри јужно од Скопје.

Во крајниот југоисточен дел на атарот се наоѓало некогашното село Слатина.

Thumb
На чистинката среде Горно Соње.
Thumb
Куќа со стара архитектура во Горно Соње
Thumb
Црквата Свети Никола во Горно Соње
Remove ads

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 69 христијански семејства и 5 вдовици христијани.[2]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 24 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 78 мажи христијани, со 7 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 170 жители.[3]

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 351 жител.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Соње живееле 254 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Соње имало 384 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 550 Македонци.[7]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 219 жители, од кои 207 Македонци, 9 Срби и 3 други.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 362 жители, од кои 290 Македонци, 1 Влав, 7 Срби, 3 останати и 61 лице без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Горно Соње е македонско православно село.

Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се:[14]

  • Староседелци: Младеновчиња (3 к.) и Дудукој (4 к.) порано чинеле еден род; Стојаној (21 к.) во овој род била омажена и некоја жена од Бутел, и по неа сега еден дел од родот се вика Бутљевчиња. Други дела од овој род се викаат Поповци, Несторовци и Ѓорчеј; Тутуној (10 к.); Бачој (5 к.) имаат прекар и Мечкари. Но не знаат како го добиле; Кочиовци (4 к.).
  • Доселеници: Милевци (14 к.) доселени се од некое место во Дебарско. Ги викаат и Дебрани. Основачот на родот е доселен како домазет; Младеној (3 к.) порано биле еден род со споменатите Милевци; Патлиџаној (4 к.) доселени се од Кумановско; Павлевчиња (2 к.) доселени се од селото Кучково. Крлевче (1 к.) доселени се од Кумановско. Шетаре (1 к.) доселени се од селото Јаболци. Куќа им направиле Младеновци и така се останати овде.
Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви

Личности

Родени во Горно Соње
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads