Довлар

From Wikipedia, the free encyclopedia

Довларmap
Remove ads

Довлар (грчки: Μαρμαριά, Мармарија)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Кратки факти Довлар Μαρμαριά, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 19 километри источно од градот Драма и на 22 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 252 метри.

Историја

Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Мармарија.[4]

Remove ads

Демографија

До 1928 година во селото биле населени 85 бегалци од Турција.[5] Во 1928 година селото броело 97 жители, додека во 1940 година селото броело 124 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 126 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 108 жители, во 1971 година имало 63 жители, во 1981 година имало 38 жители, додека во 1991 година имало 28 жители[6]. Денеска, населението на селото е 13 жители според пописот од 2011 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads