Нусретли
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Нусретли (грчки: Νικηφόρος, Никофорос)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 27 километри јужно од градот Драма и на 27 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 250 метри.
Селото опфаќа површина од 34 км2, додека целата општинска единица опфаќа 241 км2.[4] По реформите на локалната власт во 2011 година, Нусретли е општинска единица на општината Бук[5].
На еден километар по селото во насока кон Бук се наоѓа стариот аквадукт Хасанов мост.[6]
Remove ads
Историја
Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 90 Турци[7].
Грција
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Маврокордатос.[8]
Remove ads
Демографија
До 1928 година во селото биле населени 828 бегалци од Турција.[9] Во 1928 година селото броело 1035 жители, додека во 1940 година селото броело 1213 жители, во 1951 - 949 жители. Селото во пописот од 1961 година броело 1002 жители, во 1971 година имало 698 жители, во 1981 година имало 508 жители, додека во 1991 година имало 451 жител[10]. Денеска, населението на селото е 296 жители според пописот од 2011 година.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Култура
Турската народна песна Драмски мост „Drama Köprüsü“ е посветена на Нусретли. Самиот мост се наоѓа во близина на селото.
Во ова село е роден Ибрахим-паша.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads