Договор за воспоставување на Устав за Европа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Историја на ЕУ
Договор за воспоставување на Устав за Европа (Европски Устав), (често се нарекува Европски Устав или Уставен Договор) е нератификуван меѓународен договор чија цел беше да создаде зацврстен Устав за Европската Унија (ЕУ). Тој требаше да ги замени постоечките договори на Европската Унија со едноставен текст, така што на Повелбата за основни права ќе и дадеше правна сила, а гласањето со квалификувано мнозинство ќе го проширеше во оние политички области за кои земјите-членkи претходно ги одредија едногласно. Договорот беше потпишан на 29 Октомври 2004 г. од претставници на тогашните 25 земји-членки на ЕУ. Подоцна 18 земји-членки го ратификуваа, а одржаните референдуми во Шпанија и Луксембург го одбрија. Меѓутоа, кога во мај и јуни 2005 г. Француските и Холандиските гласачи го одбија документот, процесот на ратификација заврши. По одреден период на размислување, Договорот од Лисабон беше склучен за да го замени Уставниот Договор. Овој Договор, содржеше многу од измените што првично беа дел од Уставниот Договор, а беше формулиран како еден вид амандмани на постоечките договори. Договорот од Лисабон беше потпишан на 13 декември 2007 г., а стапи на сила на 1 декември 2009 г.
Remove ads
Историја
Изготвување
Изготвувањето на Европскиот Устав започна со свикување на нова дебата на Европскиот Совет во Лаекен во декември 2001 г. за иднината на Европа. По кратко време, беше основана Европската Конвенција со која претседаваше поранешниот француски претседател Валери Жискар Д’естен. Таа беше составена од двајца членови на парламентот (воглавно еден од владејачкото мнозинство и еден од опозицијата) од секоја земја-членка и земја-апликант за членство, 16 европратеници, 2 членови на Европската Комисија [1] и по еден претставник од секоја влада. Тие се сретнаа јавно. Жискар Д’естен предложи да се изготви устав. Романо Проди, претседателот на Европската Комисија поддржа еден изготвен текст, наречен Проект Пенелопе, .[2] кој содржеше продлабочена интеграција на земјите и појасен институционален модел. По долготрајните преговори на Меѓувладината Конференција (ИГЦ) за време на Италијанското претседателство, се појавија спорови во врска со предложената рамка за гласањето со квалификувано мнозинство: конечниот текст за Европскиот Устав беше договорен во јуни 2004 г. за време на ирското претседателство.
Потпишување
Договорот за воспоставување устав на Европа беше потпишан во Рим на 29 октомври 2004 г. од 53 постари важни политичари од 25 земји-членки на Европската Унија. Во повеќето случаи, шефовите на државите назначија овластени претставници за да го потпишат договорот, но некои од шефовите на државите потпишаа и во име на државите кои беа републики. Поголемиот дел од овластените претставници беа премиери и странски министри.
Ратификување

Yes - Part of accession treaty
Yes - Parliament vote
Yes - Referendum
No - Referendum
Referendum postponed indefinitely
No referendum proposed
На 12 јануари 2005 г. Европскиот Парламент ја изгласа правно необврзувачката резолуција во корист на Уставот со 500 гласа „за“ и 137 „против“ и 40 „воздржани“.[3]
Договорот од ЕУ мора да биде ратификуван од сите земји-членки пред да стапи на сила. Процесот на ратификација е различен во секоја земја. Тој зависи од нивните традиции, уставни аранжмани, и политички процеси. Повеќето земји-членки ги ратификуваат договорите од ЕУ на традиционалниот начин со парламентарни гласови, додека пак некои, особено Ирска и Данска, одржуваат и референдуми. Како реакција на она што беше сфатено како новата природа на Уставот, многумина адвокати и противници на Уставот, тврдат дека тој треба да подлежи на референдуми низ Европската Унија.[4] На 20 април 2004 г. тогашниот Премиер Тони Блер неочекувано вети дека ќе има референдум, предлог што претходно го одби. Дополнителни седум земји-членки објавија или веќе имаа објавено дека ќе има референдуми за Уставот. Овие се Данска, Франција, Ирска, Луксембург, Холандија, Шпанија и Португалија.
На 20 февруари 2005 г.[5] Шпанија прва го одржа референдумот за Устав. 76% од гласачите на референдумот го одобрија уставот, а учество зазедоа единствено околу 43%.
На 29 мај 2005 г. Француската јавност го одби Уставот со минимална предност во гласовите од 55% до 45% на излезеност од 69%. Само три дена подоцна, Холанѓаните го одбија Уставот со минимална предност во гласовите од 61% до 39% на излезеност од 62%.
Независно што Уставот беше отфрлен во Франција и Холандија, Луксембург одржа референдум на 10 јули 2005 г. со што го одобри Уставот со 57% до 43%. Тоа беше последниот одржан референдум за Уставот бидејќи сите други земји-членки кои предложија да се одржуваат референдуми, ги откажаа.
По одбивањето на Уставот
По резултатите на Француските и Холанѓанските референдуми, Европските водачи одлучија да одржат „период на размислување“ за што да направат следно.[6] Како дел од овој период на раазмислување, беше составена група од „мудри луѓе“ за да ги разгледат можните насоки на дејствување.[7] Оваа група од Европски политичари на високо ниво, поранешни премиери, министри и членови на Европската Комисија, прво се сретнаа на 30 септември 2006 г. во Рим.[8]
На 4 јуни 2007 г., оваа група, позната како Групата Амато, го претстави својот извештај. Тие предложија да се воспостави нова меѓувладина конференција со цел да изготви нов договор кој би го преобработил Дговорот за Европската Унија, би го изменил Дговор за воспоставување на Европска заедница и би ѝ дала на Повелбата за основни права на Европската Унија правно задолжителен статус. Новиот договор би бил заснован на првиот и четвртиот дел од Уставот, а останатите уставни промени ќе се постигнат преку измени на Договорот од Рим.[9] На состанокот на Европскиот самит во јуни 2007 г. земјите-членки се согласија да ја напуштат идејата за устав и да ги изменат постоечките договори што би продолжиле да важат. Исто така, тие се согласија на детален мандат за нова меѓувладина конференција со цел да преговараат за нов договор што би ги содржал измените на постоечките договори (првично Договорот од Рим и Мастришкиот договор). Овие преговори завршија кон крајот на годината, а новиот договор кој претходно се нарекуваше „Договор за реформи“ стана Договорот од Лисабон кога беше потпишан во Лисабон на 13 декември 2007 г.
Националните постапки на прв поглед
Remove ads
Содржина
Институционална структура
Според Уставот на ЕУ, the Советот на ЕУ формално ќе беше преименуван во „Советот на министри“, што веќе е неговиот неофицијален назив. „Советот за општи работи“ ќе беше формално одделен од „Советот за надворешни работи“ кој неформално и одвоено одржуваше состаноци од јуни 2002 г.
Уставот на ЕУ вклучуваше знаме, химна и мото, што претходно не беа признати со договор, иако ниту една од овие работи не е нова.
Пренесување, супсидијарност, пропорционалност
Уставот на ЕУ ќе потврдеше неколку клучни принципи за функционирањето на Унијата:
- принцип на пренесување: дека сите надлежности на ЕУ и се пренесуваат на волонтерска основа од земјите-членки;
- принцип на супсидијарност: дека владините одлуки треба да се носат на што е можно пониско ниво, а сепак да останат ефективни;
- принцип на пропорционалност: дека ЕУ може единствено да дејствува точно до оној степен кој е потребен за да ги постигне своите цели;
- Предноста на законот во ЕУ: во области каде земјите-членки склучиле законско обврзувачки договори на ниво на ЕУ, тогаш тие може да не донесуваат државни закони кои не се во согласност со законите на ЕУ.
Уставот на ЕУ ќе прецизираше дека ЕУ е унија од земји-членки, и дека сите нејзини надлежности (одговорни области) и се пренесени на волонтерска основа од нејзините земји-членки според принципот на пренесување. ЕУ ќе немаше право на надлежности, и така која било недетално објаснета политичка област во Уставот ќе останеше област на суверените земји-членки (без оглед на „клаузата за флексибилност“ – види подолу).
Според Уставот на ЕУ, ЕУ може единствено да делува (т.е. да создава закони) кога нејзините земји-членки едногласно се согласуваат дека активностите од независни земји би биле недоволни. Ова е принципот на супсидијарност, кој се заоснова на законски и политички принцип дека владините одлуки треба да се носат што е можно поблизу до луѓето, а сепак да останат ефективни.Тврдењата дека Европа го ограничува националниот суверинитет е главен аргумент, но критичарите велат дека се работи за принцип кој оддава признание само на збор, и во пракса, создавањето на Европска Унија е поамбициозна работа.
Предноста на законот во Унијата
Меѓу Европските земји, Европскиот суд за правда од 1964 г. постојано пресудуваше дека законот на ЕУ има предност над законите на земјите-членки во области каде земјите-членки одобруваат да биде донесен. Државниот закон што не соодветствува со договор кој веќе е склучен на европско ниво, се смета дека е „неприменлив“ кога во судовите се отвораат прашања на оваа тема. Овој контроверзен и основен принцип најпрво беше согледан во случајот од 1963 година „Van Gend en Loos“ по кој следеше „Costa v. ENEL'“ во 1964 година.
Заеднички вредности на земјите-членки од Унијата
Имено, како што стои во Членови I-1 и I-2, Унијата е отворена за сите Европски држави што ги почитуваат заедничките вредности на земјите-членки:
- човечко достоинство
- слобода
- демократија
- еднаквост
- владеење на законот
- почитување на човековите права
- права на малцинствата
- слободен пазар
Истоа така, земјите-членки изјавуваат дека следниве принципи, преовладуваат во нивното општество:
- плурализам
- против-дискриминација
- толеранција
- правда
- солидарност
- еднаквост меѓу половите
Некои од овие одредби се за првпат кодифицирани во Уставот на ЕУ.
Цели на Унијата
Според Уставот на ЕУ, нејзините цели се експлицитно дадени (Член I-3):
- промовирање на мирот, неговите вредности и добросостојбата на неговиот народ.
- одржување на слободата, безбедност и правда без внатрешни граници, и внатрешен пазар каде конкуренцијата е слободна и не е изобличена.
- одржлив развој што се основа на економски раст и стабилност на цените, висока конкуренција социјална пазарна економија.
- социјална правда и заштита, еднаквост помеѓу мажите и жените, солидарност помеѓу генерациите и заштита на правата на децата.
- економско, општествено и териториско поврзување, и солидарност меѓу земјите-членки.
- почитување на лингвистичката и културната разновидност.
Целите на Унијата во поглед на своите односи со поширокиот свет се:
- да ги потврдува и промовира своите вредности и интереси.
- да придонесува за мирот, безбедноста, одржливиот развој на Земјата.
- солидарност и заедничка почит меѓу луѓето.
- слободна и фер трговија.
- искоренување на сиромаштијата и заштита на човековите права, особено правата на децата.
- строг надзор и развој на меѓународниот закон, вклучувајќи ја почитта на принципите на Повелбата на Обидинетите Нации.
Обемот на унијата
Надлежности
ЕУ има шест „ексклузивни надлежности“, политички области во кои земјите-членки се согласија дека треба да делуваат исклучиво преку ЕУ, а не донесуваат закони на државно ниво. Списокот на овие останува иста од претходните договори:
- царинска унија;
- правила на конкуренција што го управуваат внатрешниот пазар;
- монетарната политика на еврозоната
- зачувување на поморските биолошки извори ( Заедничка политика за рибарство);
- заедничка трговска политика;
- склучување на одредени, ограничени, меѓународни договори.
Има одреден број на „заеднички надлежности“. Тоа се области во кои земјите-членки се согласуваат да дејствуваат независно, но само ако тие веќе не дејствувале преку ЕУ, или ако ЕУ престанала да дејствува (иако ова се области каде земјите-членки можат да дејствуваат и на национално ниво и преку ЕУ доколку сакаат). На надлежностите од претходните договори им беа додадени три нови надлежности (види подолу).
Постои одреден број на области каде ЕУ може единствено да преземе „активности за поддршка, управување или дополнителни активности“. Во овие области, земјите-членки не и пренесуваат какви било надлежности на Унијата, туку се согласуваат да дејствуваат преку Унијата со цел да ја поддржат својата работа на национално ниво. Повторно, на надлежностите од претходните договори им беа додадени три нови надлежности (види подолу).
Клауза за флексибилност
Клаузата за флексибилност на ТЦЕ и овозможува на ЕУ да дејствува во области што не се детално дадени во ТЦЕ, туку само:
- доколку сите земји-членки се согласат;
- со согласност на Европскиот Парламент; и
- кога ова е потребно за да се постигне договорена цел според ТЦЕ
Оваа клауза е присутна во законот на ЕУ откако уште од оригиналниот Договор од Рим, со кој се воспостави ЕЕЗ во 1958 година.
Заедничка надворешна и безбедносна политика
ЕУ во догледно време е задолжена за дефинирање и спроведување на заедничка надворешна и безбедносна политика. Текстот на овој член е преземен од постоечкиот Договор за Европска Унија.
Remove ads
Нови одредби
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads