Одржлив развој
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Одржлив развој е збир на методи за да се создава и одржи развој кој цели да ја отстрани сиромаштијата, создава изедначени стандарди за живеење, задоволување на основните потреби на сите луѓе и да воспостават одржливи политички практики, истовремено преземајќи ги сите неопходни мерки да се избегнат неповратните штети на природниот капитал долгорочно за краткорочни придобивки преку усогласување на развојните проекти со обновливата способност на природната средина.[1] Полето на одржливиот развој може да се подели концептуално во четири дела: амбиентална одржливост (одржливост на животната средина), економска одржливост, социјална одржливост и политичка одржливост.
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Remove ads
Дефиниција

Светската комисија за животна средина и развој го дефинира одржливиот развој како развој што ги задоволува потребите на сегашните генерации, без да ги ограничи потенцијалните потреби на идните генерации. Притоа, развојот треба да биде одржлив од економска, еколошка и социјална гледна точка. Според Светскиот извештај за човековиот развој од 1992 година, минималните услови за да се обезбеди одржлив развој се: елиминирање на сиромаштијата, намалување на растот на населението, порамномерна распределба на ресурсите, поздрави, пообразовани и пообучени луѓе, поголема децентрализација на јавната управа, полиберален трговски систем меѓу државите и подобро разбирање и решавање на еколошките проблеми. Според Хартвик, основниот економски услов за одржлив развој е неопаѓачка (константна) потрошувачка со текот на времето, а според Роберт Солоу, тоа бара одржување на константно количество на вкупниот капитал во економијата.[2]
Remove ads
Амбиентална одржливост
Remove ads
Пример на развојни проекти
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads