Докатичево
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Докатичево — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во општината Симитли на Благоевградската област, Бугарија. Населението брои само 1 жител (2023).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото Докатичево се наоѓа во планинско подрачје, на падините на Малешевските планини.
Историја
Во 1891 година во селото имало 15 домаќинства, црква и словенско училиште со 10 ученици.
Во 1900 година, според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), населението на Докатичево изнесувало 70 жители Македонци, сите христијани.[1][2]
Демографија
На табелата е прикажан бројот на населението во Докатичево за периодот 1934-2011:
Етнички состав
Број и удел на етничките групи според пописот од 2011 година:
националност | број | % |
Бугари | 7 | 100 |
Роми | - | - |
Турци | - | - |
други | - | - |
не се самоопределиле | - | - |
не одговориле | - | - |
Вкупно | 7 | 100 |
Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.[3]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads