Долап (село)

село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Долап (село)map
Remove ads

Долап (грчки: Σαρακατσαναίικο, Саракацанејко; до 1927 г. Δολάπ, Долап[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Населението било етнички мешано.[3]

Кратки факти Долап Ζευγολατειό, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во Серското Поле, на 28 км северозападно од Сер и на 2 км јужно од Долна Џумаја.

Историја

Во Отоманското Царство

На крајот на XIX век Долап било мало македонско чифлигарско село.[3]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долап-чифлик (Dolap-tchiflik) било село во Серската каза со 6 домаќинства сочинети од 26 Македонци.[4][5]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Долап-чифлик (Dolap-chiflik) живееле 120 Грци.[6] Ова е погрешен податок.[3]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Селото се растурило во воените немири, така што во на пописот од 1913 г. се води како напуштено.[3] Растурениот чифлик бил откупен од неколку сточарски семејства Власи-Каракачани.[3] Затоа, во 1927 г. селото по нив е преименувано во Саракацанекко, во превод каракачанско.

Во 1928 г. селото е попишано со 59 жители, меѓу кои биле и 5 нови дојденци.[3] Во следниот период населението на Долап значително пораснало. Меѓутоа, во 1970-тите подоцна почнало на големо да се иселува во градовите, иако продолжило да ги обработува своите имоти во Долап.[3]

Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

  • Петар Илиев (1889 – ?) — борец во МОО, I чета на VII Кумановска дружина[7]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads