Долгашка Река

река во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Долгашка Рекаmap
Remove ads

Долгашка Река (или Елевска Река) — река во Македонија, сместена на планината Стогово.[1]

Кратки факти Долгашка Река Елевска Река, Местоположба ...
Remove ads

Извор

Извира на западните падини на планината Стогово, во пределот на Дебарска Жупа.[1]

Извира од повеќе мали извори на висорамнината Лениште помеѓу врвовите Дафиница, Бабин Срт и Докат Баир високо на планината Стогово, од каде протекуваат неколку потоци со имињата Бела Река, Круше и Кара Дере кои како изворишни челенки го составуваат главниот тек на реката.

Тек

Реката поминува покрај селата Елевци и Долгаш и се влева во Дебарското Езеро, југоисточно од градот Дебар.[1]

Именување

Минувајќи крај селото Елевци го носи името Елевска Река. Под името Елевска Река тече сè до средното течение кај мостот на патот помеѓу Елевци и Долгаш, по што таа го добива името Долгашка Река сè до својот влив во Дебарското Езеро (порано Црн Дрим) кај месноста Требишки Мост.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads