Долгонога шлука

From Wikipedia, the free encyclopedia

Долгонога шлука
Remove ads

Долгоногата шлука, (науч. Himantopus himantopus) е широко распространета крајбрежна птица со многу долги нозе. Повеќето извори денес сугерираат дека постојат 2-4 вида.[2][3][4][5][6][7] Оваа птица ја има и во Македонија.

Кратки факти Долгонога шлука, Заштитен статус ...
Remove ads

Опис

Возрасните долгоноги шлуки се долги 33-36 см. Имаат долги розови нозе, долг тенок црн клун и се црнкави одозгора и бели одоздола, со бел врат и глава. Мажјаците имаат црн грб, често со зеленикав сјај. Кај женките, пак, грбот има кафевкава нијанса која е во контраст со црните пердуви на крилјата. Младенчињата имаат сиво наместо црно и песочна нијанса на крилјата.

Таксономија и систематизација

Таксономијата на оваа птица е сè уште проблематична. Некои издвојуваат најмногу 5 вида, а други, пак, сите ги сметаат за подвидови. Најприфатена таксономија е следната:

  • Himantopus himantopus himantopus или H. himantopus) (Linnaeus, 1758) – вклучувајќи ги и предложените подвидови meridionalis (јужна Африка) и ceylonensis (Шри Ланка)
распространет е во западна Европа и Средоземјето до Средна Азија и потсахарна Африка, како и Мадагаскар, јужна и југоисточна Азија[8][9][10]. Северозападните популации се селат на југ во зима.
Главата и вратот варираат од целосно бели до бели со црна капа и црно на задниот дел од вратот, вообичаено со бела линија низ горниот дел на грбот.
  • Himantopus himantopus mexicanus, Himantopus mexicanus mexicanus или H. mexicanus (P.L.S.Müller, 1776)
Јужниот дел на Северна Америка преку Средна Америка и Карибите до северен Перу и североисточен Бразил.
Главата и вратот се секогаш бели, со црна капа која досега до линијата на окото, бела точка под окото и црна линија на задниот дел од вратот. Обично нема бела линија на горниот дел од грбот.
  • Himantopus himantopus melanurus, Himantopus mexicanus melanurus или H. melanurus (Vieillot, 1817)
Јужна Америка од централен Перу и северен Чиле до југоисточен Бразил и Аргентина.
Главата и вратот обично се бели со црна линија на задниот дел од вратот и црна линија од тилот до окото. Обично има отворена црна линија на градите и бела низ горниот дел од грбот.
Thumb
Возрасен Himantopus himantopus leucocephalus
Thumb
Јајце од Himantopus himantopus
  • Himantopus himantopus leucocephalus или H. leucocephalus (Gould, 1837)
Јава до Нова Гвинеја, Австралија и Нов Зеланд.
Главата е обично целосно бела, вратот бел со црно одзади и со отворена црна лента на градите. Обично има бела дамка на горниот дел од грбот.
  • Himantopus himantopus knudseni, Himantopus mexicanus knudseni или H. knudseni (Stejneger, 1887)
Хаваи, каде е единствена крајбрежна птица.
Во основа слична со H. mexicanus, но црното на главата и вратот е пораширено, обично до под окото.
Remove ads

Поведение

Живеалиштето за размножување на долгоногата шлука се мочуриштата, плитките езера и вештачки езерца. Некои популации се птици преселници и се селат на океанските крајбрежја зиме, a оние од потоплите краишта се постојани жители и само посетители на некои региони.

Се хранат собирајќи ја храната од песокот или од плитката вода. Претежно јадат инсекти и ракчиња.

Се гнездат на оголено место на земја, во близина на водата, обично во помали групи.

Долгоногата шлука е еден од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските водни птици-преселници.

Галерија

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads