Долно Воловод
село во Кукушко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Долно Воловод ([Παντελεήμωνας, Пантелеjмонас, до 1926 Κάτω Βολοβότ, Като Воловот] Error: {{Langx}}: text has italic markup (help))[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 25 километри југоисточно од градот Кукуш и на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, и на 30 километри од градот Солун и на левиот брег на реката Галик. Селото се наоѓа на надморска висина од 84 метри.
Историја
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Оваа село всушност претставува нова населба изградена по доаѓањето на доселениците Грци од Понд. Во 1928 година селото броело 216 жители[3].
Во 1926 година селото било преименувано во Пантелеjмонас.
Демографија
По крајот на Балканските војни, бројот на населението во селото било 160 жители (1913). Селото во пописот од 1940 година броело 307 жители, 1951 година броело 290 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 279 жители, во 1971 живееле 214 жители, во 1981 живееле 274 жител и во 1991 година 285 жители. Денеска, населението на селото е 378 жители[4].
По Втората светска војна, голем дел од населението се иселило во Солун.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Бидејќи самото село се наоѓа на поле, селото е богато со жито. Населението се занимава и со сточарство.
Луѓе од селото
- Родени во Долно Воловод
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads