Македонско-грчка граница

граница помеѓу Македонија и Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Македонско-грчка граница
Remove ads

Македонско-грчка границадржавна граница помеѓу Македонија и Грција долга 262 км, која може да се претстави како граница помеѓу Вардарска и Егејска Македонија. Источниот крај од границата воедно се граничи со Пиринска Македонија, додека пак западниот и со Мала Преспа во Албанија — обете македонски подрачја.

Thumb
Тромеѓата недалеку од островот Голем Град во Преспанското Езеро — западниот крај на границата. Тука е границата Македонија-Грција-Албанија.
Thumb
Тромеѓникот на врвот Тумба на Беласица — источниот крај на Границата. Тука е границата Македонија-Грција-Бугарија.
Remove ads

Историја

Денешната граница е утврдена со Букурешкиот договор од 1913 г. кога на Грција ѝ е доделена цела јужна (Егејска) Македонија, по што во следниот период стапило масовно етничко чистење и асимилација на македонското население, како и негово заменување со доведени Грци од Азија. Сепак, и денес голем дел од населението во многу подрачја останува македонско.

Претходната и вистинска македонско-грчка граница е исцртана со Цариградскиот договор од 1881 г. со кој отоманската држава му ги отстапила на Кралството Грција Тесалија и јужен Епир, а Македонија останала цела, во состав на Отоманското Царство.[1]

Remove ads

Опис на границата

Границата се протега во напореднички правец исток-запад и пресекува 5 гранични премини, 5 планини, 4 котлини, 2 езера и најголемата македонска река — Вардар. Од тромеѓниот врв Тумба, во напореднички правец границата минува по сртот на планината Беласица, од каде се спушта и ги сече Дојранско Езеро, автомобилскиот пат Стар Дојран-Кукуш и граничниот премин Дојран. Границата продолжува и ја пресекува Гевгелиско-валандовската Котлина, меѓународниот патен правец Е75 и реката Вардар, како и меѓународната железничка линија Гевгелија - Сехово (Идомени) - Солун, како и автомобилскиот граничен премин Богородица. Движејќи се кон запад границата се искачува на планината Кожуф и минува преку високите планински врвови Зелен Брег (2.171 м) и Дудица (2.132 м), а потоа се спушта на пониската планина Козјак, и од тука се искачува на планината Ниџе, која ја пресекува заедно со највискиот врв Кајмакчалан (2.520 м). Оваа граница ја пресекува и најголемата македонска котлина, Пелагонија, заедно со автомобилскиот пат Битола - Лерин и граничниот премин Меџитлија, како и железничката пруга, заедно со граничниот премин Кременица (кој е затворен). Од пелагониското рамниште границата се искачува на Баба Планина пресекувајќи ја заедно со врвот ’Ржана (2.334 м). Оттука границата повторно се спушта, но сега во Преспанската Котлина, односно го пресекува Преспанско Езеро во напореднички правец сè до тромеѓата помеѓу Македонија, Грција и Албанија.

Remove ads

Гранични премини

Патни премини

Повеќе информации Македонски пункт, Општина ...

Железнички премини

Повеќе информации Македонски пункт, Општина ...

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads