Долно Горбасово
село во Дојранско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Долно Горбасово или Долно Гарбали (грчки: Κάτω Σούρμενα, Като Сурмена, до 1926 г. Κάτω Γκριμπάς, Като Грибас[1]) — поранешно село во Дојранско, Егејска Македонија, денес во Кукушкиот округ, на областа Централна Македонија, Грција. Сè до 1924 г. било населени исклучиво со Македонци-муслимани.[2] Денес е составен дел од с. Станица Аканџали.
Remove ads
Географија
Селото првично се наоѓало високо на јужните падини на Беласица. Бидејќи пострадало во Граѓанската војна, било обновено долу како јужно маало на Станица Аканџали, сместено јужно од железничката линија.
Историја
Во XIX век Горно Горбасово било муслиманско село во Дојранската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. Долно Гарбасово (Garbassovo-dolno) е наведено кско село во Дојранската каза со 135 домаќинства сочинети од 363 Македонци-муслимани.[3][4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Долно Горбасово имало 720 жители Македонци-муслимани.[3][5]
За време на Првата балканска војна во 1912 г. селото го окупирале единици на Бугарската армија.
По Втората балканска војна во 1913 г. селото било припоено кон Грција. Населението почнало да се иселува уште во текот на Првата светска војна поради близината на фронтот.[2] По војната, во 1920 г. попишан е само 171 жител.[2] Во 1924 г по сила на Лозанскиот договор населението како муслиманско било иселено во Турција, на негово место се доведени грчки доселеници. Во 1926 г. селото е преименувано во Като Сурмена. Во 1928 г. селото е заведено како наполно дојденско, со 86 семејства од 285 жители грчки дојденци од Понд и Источна Тракија.[6]
За време на Граѓанската војна (1946-49 г.) селото било напуштено. Во 1940-тите и дел од 1950-тите било отпишано како место без жители, но подоцна е обновено долу до самата железничка станица.[2]
Во 1990-тите селото е припоено кон с. Станица Аканџали, бидејќи го снемува од пописот во 2001 г.
Remove ads
Демографија
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Населението се занимавало со земјоделство, а главни производи биле житото, тутунот и добиточната храна. Сточарството било застапено во помала мера.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads