Долно Палчиште

село во Општина Боговиње From Wikipedia, the free encyclopedia

Долно Палчиштеmap
Remove ads

Долно Палчиште — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 5 километри јужно од Тетово. Селото е рамничарско, на надморска височина од 560 метри. Атарот зафаќа простор од 8 км2.[2]

Историја

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Палчиште живееле 380 жители, од кои 200 Албанци и 180 Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Палчишта имало 208 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Долно Палчиште е центар на општина од 10 села и има 135 куќи со 860 жители, Македонци и Албанци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 750 Албанци и 250 Македонци.[6]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3.345 жители и претставува голема населба.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.563 жители, од кои 2 Македонци, 2.465 Албанци, 3 Турци, 2 Бошњаци и 91 лице без податоци.[8]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[9]

Повеќе информации Година, Македонци ...

Родови

Долно Палчиште е мешано македонско-албанско село.

Според податоците од 1948 година, родови во селото се:

  • Македонски:
  • Сибиновци (5 к.) доселени се од местото селиште во атарот на селото Долно Палчиште, го знаат следното родословие: Пано (жив на 59 г. во 1940-тите) Симо-Никола, кој се доселил. Имаат иселеници во Тетово (три семејства).
  • Шолтаковци (16 к.) и тие се доселени од Селиште. Имаат иселеници во Тетово (три семејства) и во Романија (две семејства).
  • Ѓурковци (8 к.) исто така доселени од Селиште. Кај нив е зачувано преданието дека уште подалечно потекло имаат од просторите на Италија (според кажувањето од Јован на Стојан на Драган) во Љусна во северна Албанија. Го знаат следното родословие::Драган(жив на 60г. во 2025 година-Добривоје- Стојан (жив на 35 г. во 1948 година) -Бојо-Јован-Аврам-Крсте-Спасен. Аврам се доселил од Селиште, додека Спасен дошол од северна Албанија. Имаат иселеници во Тетово (пет семејства), Скопје (пет семејства)
  • Столевци (4 к.) доселени се од денес раселеното село Дрвик кое постоело јужно од Долно Палчиште, а таму биле староседелци. Имаат иселеници во Тетово (три семејства) и во Романија.
  • Наумовци и Клиповци (10 к.), првите потекнуваат од Митре, а вторите од Столе. Митре и Столе биле браќа кои се доселиле од селото Брод, Гора, денес во Косово. Избегале од страв да не бидат потурчени, а го знаат следното родословие:: Јоше (жив на 60 г. во 1948година) -Гаве-Наум-Митре, еден од браќата кои се доселиле. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Романија (едно семејство).
  • Јанковиќ (1 к.) доселен од околината на Врање околу 1920-тите години.
  • Албански:
  • Десовци (13 к.), Торбеши (12 к.), Мачоре (2 к.), Џелоке (9 к.), Авиќе (10 к.), Ќоте (3 к.), Ода (7 к.), Чанго (9 к.) и Читак (11 к.). Овие се поалбанчени родови и на повеќето родови потеклото им е од областа Гора. Некои дошле преку торбешките села Урвич и Јеловјане.
  • Царе (7 к.), Селимџикве (32 к.), Чајан (14 к.), Црнољеве (4 к.), Дрник (17 к.), Кушове (6 к.) и Лисец (3 к.) сите родови се со потекло од северна Албанија. Некои не дошле директно во Долно Палчиште, туку најпрво се населувале во разни полошки села па овде. Сите родови се доселени до средината на XIX век.[10]
Remove ads

Општествени установи

цркви

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2061, 2062, 2062/1 и 2063 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3.306 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

  • Дервиш Цара - водач на востание на албанското население против османлиската власт

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads