Долно Свиларе

село во Општина Сарај From Wikipedia, the free encyclopedia

Долно Свилареmap
Remove ads

Долно Свиларе — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во западните предели на Скопската Котлина, северно од Вардар.

Историја

Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско и муслиманско население, каде имало 5 христијански[2] и 27 муслимански[3] домаќинства. На овој попис биле забележани 23 мажи христијани, без новороденчиња и 89 мажи муслимани со 10 новороденчиња. Исто така биле забележани 13 мажи муслимани кои тазе се доселиле во селото. Се проценува дека селото во тој период имало 270 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 236 жители.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Свиларе вживееле 330 жители, сите Албанци.[5]

Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[6] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 600 Албанци.[8]

На пописот од 2002 година, селото имало 2.010 жители, од кои 1.998 Албанци и 6 Македонци и 6 останати.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.174 жители, од кои 2.128 Албанци и 46 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Долно Свиларе е албанско село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Паровски (3 к.) најстар род во селото. Точно не знаат од каде се доселени; Матњан (8 к.) и Нел (9 к.) доселени се од областа Мат во северна Албанија; Лика (5 к.) доселени се од северна Албанија; Јажинц (11 к.) доселени се од тетовското село Јажинце. Таму се доселени од северна Албанија. Они потекнувале од Красниќи; Шаин (9 к.) доселени се од северна Албанија; Дишолар (11 к.) доселени се од северна Албанија; Љугаџи (3 к.) доселени се од некое село Љугаџи во Љума; Дано (7 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија; Шерифоски (5 к.), Зеќиролар (6 к.), Љоц (4 к.) и Џеколар (2 к.) сите се доселени од северна Албанија.[15]
Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[16]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads