Доломити

From Wikipedia, the free encyclopedia

Доломитиmap
Remove ads

Доломити (италијански: Dolomiti, ладински: Dolomites; германски: Dolomiten, венецијански: Dołomiti, фурлански: Dolomitis) — планински венец во североисточна Италија. Сочинуваат дел од Јужните Варовнички Алпи и се протегаат од реката Адиџе на запад до долината на Пијава (Пјеве ди Кадоре) на исток. Северната и јужната граница ја образуваат Пустерската и Суганската Долина. Венецот е речиси подеднакво распределен во покраините Белуно, Јужен Тирол и Трентино.

Кратки факти Доломити, Највисока точка ...
Remove ads
Кратки факти светско наследство на УНЕСКО, Критериум ...

На исток, преку реката Пијава се протегаат планински групи со сличен геолошки состав, наречени Прекупијавски Доломити (Dolomiti d'Oltrepiave); во далечината, преку реката Адиџе на запад е Брентската група (Западни Доломити). Постои и помала група наречена Мали Доломити (Piccole Dolomiti), сместена меѓу покраините Трентино, Верона и Виченца (на картата).

Венецот има еден национален парк и поголем број регионални паркови. Во август 2009 г. Доломитите се прогласени за светско наследство на УНЕСКО.

Remove ads

Потекло на името

Доломитите, наречени и „Бледи Планини“ (Monti pallidi), се наречени по карпата доломит, која пак е наречена по нејзиниот прв опишувач, францускиот минералог Деода Грате де Доломје (1750–1801).[1]

Историја

За време на Првата светска војна, фронтовата линија помеѓу италијанските и австроунгарските сили се протегала преку Доломитите, и тука се одиграле жестоки борби меѓу мини.

Денес кај Чинкве Тори (Пет Кули) и планината Лагацуој има по еден воен музеј на отворено. Многу посетители ги искачуваат „железните патишта“, направени за искачување на карпите за време на Првата светска војна.

Низ планините минуваат и неколку значајно долги пешачки патеки, наречени „високи патеки“ (alte vie), означени со броеви од 1 до 8. Долж патеките има разни планинарски засолништа (rifugi) кои се на располагање на планинарите. За да се поминат сите патеки е потребна барем една недела.

Remove ads

Географија

Подрачјето обично се дели на Источни и Западни Доломити, одделени со линија по оската на долината Бадија – превојот Камполонго – долината Кордеволе (Агордино).

Групи

Thumb
Групата Тофана
Thumb
Поглед на групата Села зиме

Според начинот на групирање, Доломитите се делат на следниве венци:

  • Села
  • Мармолада
  • Тофане
  • Лангкофелска група
  • Гајслерска група
  • Пајтлеркофелска / Сасолуншка група
  • Пуечка група
  • Фанешка група
  • Шлернска група
  • Розенгартенска
  • Латемар
  • Палска група
  • Лизенски Планини
  • Чивета
  • Пелмо
  • Мармароле
  • Кадинсја група
  • Кристалска група
  • Сорапис
  • Антелао
  • Лагораи
  • Босконеро
  • Фелтрински Врвови
  • Скјара
  • Прашки доломити
  • Шеснаесет Доломити
  • Фурлански Доломити

Туризам

Доломитите се познати по скијањето зиме и планинарството, велосипедизмот, BASE-скокањето, параглајдерството и делтапланството доцна напролет, лете и на почетокот на есента. Слободното качување се одвива на планините уште од 1887 г. кога 17-годишниот Георг Винклер сам го освоил врвот на Вахолетските Кули.[2] Главни туристички центри се: Рока Пјеторе крај ледникот на Мармолада на границата меѓу Трентино и Венето, гратчињата Алеге, Фалкаде, Ауронцо ди Кадоре и Кортина д'Ампецо, селата Араба, Ортизеј и Сан Мартино ди Кастроца, како и целите долини Фаса, Гардена и Бадија.

Секоја година првата недела од јули се одржува еднодневниот велосипедистички натпревар „Маратон по Доломитите“ (Maratona dles Dolomites), кој се вози по седум превои на Доломитите.

Remove ads

Поважни врвови

Thumb
Мармолада
Thumb
Вајолетските Кули
Thumb
Брентските Доломити
Повеќе информации Име, Висина (м) ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading content...

Литература

Loading content...

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads