Доминик Нерц
германски друмски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Доминик Нерц (германски: Dominik Nerz; р. 25 август 1989 ) — поранешен германски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2008-2016.
Иако бил јуниорски национален првак во велодромски велосипедизам, Нерц главно вози како друмски велосипедист. По бројни победи како младинец, тој се придружил на развојната екипа Тим Милрам и го освоил германското друмско првенство под 23 години. По една сезона за континенталната екипа Милрам, тој му се придружил на сениорскиот состав и станал професионалец.[1]
По распаѓањето на Милрам, му се придружил на Ликвигас-Канондејл за 2011,[2] и возел на неговиот прв Гранд Тур подоцна истата година - Вуелта а Еспања 2011. Возејќи како поддршка на Винченцо Нибали, тој завршил 38. во генералниот пласман и бил највисоко пласиран Германец во крајниот пласман. Тој исто така завршил трет на етапата 18 и тоа било негов најдобар резултат таа сезона.[3]
Нерц го напуштил Ликвигас-Канондејл на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на Аксент Џобс-Ванти за сезоната 2013.[4] Во септември 2014 година, Бора-Хансгрое објавил дека со Нерц потпишале двегодишен договор од 2015 година, како предводник на екипата за големите трки и слични етапни трки.[5]
Во октомври 2016 година, Нерц потврдил дека се повлекува од трки поради здравствени причини.[6]
Remove ads
Достигнувања
- 2006
Национален јуниорски првак, поединечна потера
- 2007
- 1. Краен пласман Џиро дела Тоскана (јуниорска)
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 3a Трофео Карлсберг
- 2008
- 3. ГП Хидраулика Миколасек
- 2009
- 7. Краен пласман Џиро дел Фурланија-Јулиска Краина
Национален друмски првак под 23 години
- 1. Етапа 6 Џиро дела Вале д’Аоста
- 2010
- 8. ГП Кантон Аргау
- 2012
- 2. Трка околу Франкфурт
- 5. ГП Мигел Индураин
- 2014
- 9. Краен пласман Трка околу Полска
- 2015
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро дел Трентино
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads