Вуелта а Еспања 2014

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Вуелта а Еспања 2014 — 69. издание на велосипедската трка Вуелта а Еспања, последната од трите големи трки, која се одржала помеѓу 23 август и 14 септември 2014 година.[1] Содржела осум планински етапи, по пет ридести и рамни етапи и три хронометри (еден екипен и два поединечни), два од нив на почетокот и на крајот на трката. Херез де ла Фронтера, на јужниот шпански брег, бил домаќин на воведната етапа. Потоа, Вуелта продолжила да се движи спротивно од часовникот, преку југоисточниот и источниот дел на земјата пред да премине на север и завршила во Сантјаго де Компостела, првпат во 21 година трката да заврши надвор од Мадрид. Трката претставувала 22. настан во сезоната на Светската турнеја.

Кратки факти Детали за трката, Датум(и) ...

Трката била освоена од шпанскиот велосипедист, Алберто Контадор, од Тинкоф-Саксо. Контадор настапил на трката несигурен за неговата форма откако паднал на десеттата етапа на Тур де Франс 2014, кршејќи ја неговата тибија. Меѓутоа, Контадор се снашол подобро отколку што очекувал, преземајќи ја црвената маичка на поединечниот хронометар (10. етапа) и освојувајќи две клучни планински етапи, загарантирајќи ја неговата победа. Ја освоил трката со една минута и 10 секунди пред второпласираниот, Крис Фрум од Тим Скај. Како Контадор, и Фрум бил несигурен за својата форма откако паднал трипати во два дена на Тур, што довело до негово откажување од трката. Меѓутоа, Фрум се опоравил дури во третата недела, завршувајќи втор на три клучни планински етапи, со што успеал да се помести на второто место во генералниот пласман. Шпанскиот возач Алехандро Валверде од Мовистар Тим го заокружил подиумот, завршувајќи 40 секунди зад Фрум и една минута и 50 секунд зад Контаро. Валверде ја освоил шестата етапа на трката, првата планинска завршница.

Во другите пласмани на трката, Џон Дегенколб од Џајант-Шимано ја освоил зелената маичка за бодовниот пласман. Дегенколб освоил четири етапи, најмногу од сите возачи на трката. Сината точкеста маичка за планинскиот пласман му припаднала на Шпанецот Луис Леон Санчес од Каха Рурал-Сегурос РГА. Покрај црвената маичка, Контадор исто така ја освоил белата маичка за комбинираниот пласман. Катјуша го освоиле екипниот пласман на трката.

Remove ads

Екипи

Бидејќи Вуелта а Еспања е настан од Светската турнеја, сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и биле обврзани да испратат екипа. На четири професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани.

†: Специјално поканети професионални континентални екипи.

Фаворити пред трката

Пред почетокот на трката, бранителот на титулата од минатата година, Крис Хорнер, победникот на Џиро д’Италија 2014, Наиро Кинтана, потоа Хоаким Родригес и Алехандро Валверде се меѓу фаворитите за крајна победа. По напуштањето на Тур де Франс, Крис Фрум[2] и Алберто Контадор[3] објавиле дека ќе настапат на Вуелта.[4] Други можни кандидати се: Карлос Бетанкур, Фабио Ару, Тибо Пино, Ригоберто Уран, Ендру Талански и Даниел Мартин.

На 22 август, еден пред почетокот на Вуелта, велосипедската мрежна страница cyclingnews.com објавила дека Крис Хорнер нема да настапи на трката поради ниско ниво на кортизол. Ова било така поради тоа што екипата ОАЕ Тим Емирати е дел од Mouvement Pour un Cyclisme Credible (MPCC) кое им забранува на велосипедистите да настапат кога нивото на кортизол ќе падне под одредена граница.[5]

Remove ads

Рута и етапи

Повеќе информации Етапа, Датум ...
Remove ads

Поредок

Постоеле четири главни пласмани на Вуелта а Еспања 2014, меѓу кои најважен бил генералниот пласман. Генералниот пласман бил сметан преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Велосипедистот со најмало вкупно време бил предводник на трката, препознаван преку црвената маичка; победникот на овој пласман бил сметан за победник на Вуелта. Во 2014 година постоеле временски бонуси на сите етапи, освен хронометрите; десет секунди за етапниот победник, шест секунди за второпласираниот и четири за третопласираниот.

Дополнително, постоел бодовен пласман, каде се доделувала зелена маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат меѓу најдобрите на етапите или на средните спринтови. Велосипедистот со најмногу бодови го предводел пласманот и бил препознаван со зелената маичка. Постоел, исто така, и планински пласман. Организаторите категоризирале некои искачувања како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија; бодовите за овој пласман биле освојувани од првите велосипедисти на врвот на некое искачување, каде повеќе бодови биле достапни за повисоко категоризираните искачувања. Велосипедистот со најмногу бодови водел во пласманот и бил препознаван од сината точкеста маичка.

Четвртиот поединечен пласман бил комбинираниот пласман, во кој се доделувала белата маичка. Овој пласман бил сметан преку додавање на местата на секој велосипедист во генералниот, бодовниот и планинскиот пласман — возачот морал да има резултат во сите пласмани за да може да учествува во овој пласман — велосипедистот со најмал вкупен збир бил победник на пласманот.

За екипниот пласман биле собирани времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечката екипа била екипата со најмало вкупно време. За наградата за борбеност, судиите давале бодови по секоја етапа на велосипедистите за кои сметале дека биле најборбени. Велосипедистот со најмногу гласови на сите етапи бил прогласуван за победник. Дневниот победник на пласманот добива црвен број на наредната етапа.

Повеќе информации Етапа, Победник ...
Забелешки
  • На етапата 4, Данило Вис, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Љуис Мас (на првото место) ја носел сината точкеста маичка како предводник на планинскиот пласман.
  • На етапата 5, Џон Дегенколб, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Мајкл Метјус (на првото место) ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман.
  • На етапите 7-9, Крис Фрум, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Алехандро Валверде (на првото место) ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман.
  • На етапата 16, Хоаким Родригес, кој бил трет во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Алејандро Валверде (на првото место) ја носел сината точкеста маичка како предводник на планинскиот пласман, додека Алберто Контадор (на второто место) ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман.
  • На етапите 19-21, Алехандро Валверде, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Алберто Контадор (на првото место) ја носел црвената маичката како предводник на генералниот пласман.
Remove ads

Пласмани

Повеќе информации Легенда ...

Генерален пласман

Екипен пласман

Повеќе информации Место, Екипа ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads